• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

Венеција/Верона/Фиренца (64)

Програма на патување:

1.Ден 08.03.2023  (Среда) СКОПЈЕ  

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.

2.Ден  09.03.2023 (Четврток) ВЕРОНА

Пристигнување во Верона во претпладневните часови. Прошетката низ градот на Ромео и Јулија ја правиме релаксирано со придружникот на групата со посочување на местата од интерес: го минуваме мостот и влегуваме покрај Ѕидините на градот до Арената, плоштадот Бра, Виа Мацини и плоштадот Ербе, се до куќата на Јулија... Слободно време за индивидуални прошетки можност за шопинг и дегустација на одлична италијанска пица или паста на плштадот Бра. Во договорено време поаѓање кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел.  Слободно време за одмор. Ноќевање.

3.Ден  10.03.2023 (Петок) ФИРЕНЦА

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: Црквата Санта Кроче, Плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани... По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во  договорено време со водичот, враќање кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

4. Ден 11.03.2023 (Сабота) ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Венеција. Превоз со брод вапорето од Пунта Сабиони до Венеција Пристигнување на портот на Венеција и заминување на разглед на градот: Mостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, препорачуваме да се возите со гондола или да влезете во некои од музеите на Венеција. Во договорено време со водичот трансфер назад до Пунта Сабиони и поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку  Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

5.Ден  12.03.2023 (Недела) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата по граници. 

 

Цена за резервации до 31.01.2023 - 149€/ 9.238ден

Редовна цена на аранжманот 169€/ 10.478ден

Цена по лице за миним 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација  

- Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок

- Организирани посети според програмата  

 

- Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

- Трансфер од Битола, Прилеп, Неготино, Кавадарци, Велес.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Патничко и здравствено осигурување 150 ден.

- Разглед на Венеција и превоз со брод вапорето до Венеција - 25€ (доплата на лице место)

- Факултативна посета на Фиренца со локален водич - 55€ (мин. 30 пријавени доплата на лице место)

- Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (2€ по лице од ноќ доплата на лице место)

- Влезници по културно – историските знаменитости.

 

Попусти и опционални доплати:           

-  Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден, 

- Попуст за 3то лице на дополнителен кревет -10% (на барање), 

- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 20€/1240мкд (мин. 2 седишта),

- Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.

 

Важни напомени:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.

- За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.

- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.

- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.