• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ИСТАНБУЛ (66)

1 ден / 08.10.2020. четврток МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата и поаѓање од градовите:

Куманово во 18:00

Скопје во 17:15 ч.(Хотел Вип наспроти Саем)

Велес во 16:45 ч.

Неготино во 16:15 ч

Кавадарци во 16:00 ч,

 

Се патува преку Р Бугарија , Ноќно патување со попатни паузи.

 

2 ден / 09.10.2020 петок ИСТАНБУЛ

Пристигнување во предпладневните часови , сместување во хотел. Хотелот се наоѓа во областа Лалели, по сместувањето со локален водич го започнуваме пешачкиот разглед со движење преку Капали чаршија до посета на:

-Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки) а денес е познат како плоштад СултанАхмет важно место за градот во текот на целата историја со своите различни ознаки од времето на византискиот,римскиот и осмалинскиот период.

-Можност за индивидуална посета на Сината Џамија (изградена од познатиот Мехмед Ага и единствената џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња),

-Можност за индивидуална посета на Аја Софија ( најпрво црква на Светата мудрост градена во времето на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија потоа се прогласува за музеј и беше една од најпосетуваните атракции во Истанбул за денес претседателот Ердоган повторно да ја претвори во џамија),

-Посета со локален водич на Византиската подземна цистерна Базиличка цистерна која датира од 6 век од времето на Јустинијан I.

-Палатата Топ Капи – (музејот каде се наоѓа мечот на пророкот Мухамед и административен центар на Османлиската Империја во која турските султани живееле со векови и буквално представува град во град). слободни активности.можност за шопинг во Капали Чаршија,покриената чаршија од 61 уличка и околу 4.000 продавници.

Ноќевање.

 

3 ден / 10.10.2020. сабота ИСТАНБУЛ

После појадокот :

-Панорамски разглед со локален водич на градот.

-Посета на Вселенската Патриаршија ,возење покрај Златниот Рог.

-Кафе пауза на Таксим, најпознатиот плоштад во Истанбул .

-Незаборавното крстарење по Босфорот,

-факултативен разглед на прекрасната палата Долма Бахче со зелените паркови и раскошот кој го нуди и кој ќе ви остане во сеќавање)

-Факултативна посета на Miniaturk (овде може да ги видеме најпознатите градби на Турција во минијатурно издание , прекрасно место за добри фотографии) *Слободни активности.

-Факултативна вечера во турски национален ресторан со ориентални танци (Вечера организирана на брод, 3 часовно ноќно крстарење по Босворот придружено со традиционални танци ,вечера и неограничено алкохолни и безалкохолнои пијалоци)

Ноќевање.

 

4 ден / 11.10.2020. (вторник) ИСТАНБУЛ

Појадок и одјавување од хотелот.

За крај посета на трговскиот центар FORUM во кој се наоѓа еден од најголемите подземни аквариуми Turkuazzoo. Поаѓање за Македонија, ноќно возење преку Р Бугарија со попатни паузи.

 

5. ден / 12.10.2020(среда ) МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во утринските часови.

 

Цена на аранжманот: 5.300 мкд. (за уплата до 20.09.2020)

Редовна Цена: 6.130 мкд.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во 3
*.во Истанбул
- посета на
Хиподромот;
- посета на
Сината Џамија

-посета на Аја Софија

- пешачки разглед со локален водич
- професионален туристички придружник;
- организација и реализација на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- панорамски разглед 10 € (задолжителна доплата за сите патници)

- традиционална турска вечера на брод + трансвер + мени со неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци- 40 €

    - крстарење со брод по Босфор - 20 €;
    - посета на 
    Долма Бахче Сарај(превоз | влезница | локален водич) – 25 €
    - посета на
    Подземната Византиска цистерна 15 €
    - посета на 
    Топ Капи Палатата (влезница, локален водич) - 20€;
    - посета на Miniaturk
      (влезница,превоз, локален водич) - 10€;
    - посета на Аквариумот 
    Turkuazoo превоз | влезница) – 20€;
    - здравствено патничко осигурување (задолжително) -
    200мкд.

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е 40 патници;
    -Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
    -Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
    - Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
    - Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
    - Уплата исклучиво во денари.

  •  

    * Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.

  • Пополнетост на автобусот е  максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19