VILA ZEVS (74)

 

Вила Зевс се наоѓа на околу 500 метри од плажа. Сместена во мирен амбиент во доста мирен дел од Пирги (Ипсос). Пред вилата се наоѓа реконструирано спортско игралиште, зад вилата се наоѓа преубав ридски предел покриен со маслинови дрвца, а недалеку од вилата се наоѓа продавница која работи до доцните вечерни часови. Овој комплекс се состои од две згради, сместени во прекрасно уреден двор од медитерански карактер каде е изграден луксузен базен со бар и лежалки достапен за користење за патниците сместени во вилата. Објектот е составен од двокреветни и трокреветни студиа. Студиата располагаат со мини кујна опремена со решо за готвење. Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења. Студиата се опремени со телевизор, бежичен интернет чива јачината на сигналот, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и опреретеноста на мрежата. Студиата располагаат и со клима уред која може да се користи со дополнителна наплата од 5 евра на ден која цена се уплаќа во самата вила. Студиата се на приземје и прв спрат. Студиата на приземје и на спрат располагаат со убави тераси коишто се преградени и кои нудат убав поглед кон спортско игралиште со изгрејсоце и кон дворот (внатрешната страна). Во самиот двор има место за складирање багаж, кадешто патниците ќе можат првиот и последниот ден да го оставаат својот багаж, како и тоалет. Студиата се чистат пред влегување на нова група патници, а за време на престојот патниците се задолжени за оддржување на хигиената. По самото реновирање на студиата, сопствениците водат грижа за штетата нанесена од патниците, со тоа што доколку истата е констатирана се наплаќа на лице место од џебот на патникот.

 

Попусти од 30-50е до 29.02.2020


 

 

Што е вклучено во цената
7 ноќевања – 8 дена на Ипсос, Крф
Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје
туристички пратител за време на патувањето и престојот на Ипсос

Попусти за деца:

Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
Дете од 4 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст (се однесува само на еден кревет во студиото)Дете од 4 до 11,99 години кое го дели креветот со возрасен го плаќа само превозот 55 евра
Две деца од 2 до 12 години кои делат кревет имаат попуст од 50%
Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
Доколку сакате да споите термин а термините се означени со ПРОМО, не се одбива за превоз на вториот термин без разлика дали користите превоз,
За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата.
Што не е вклучено во цената

НАПОМЕНА: Патниците коишто патуваат со организиран превоз задолжително треба да доплатат за билет за траект на релација Игуменица- Крф- Игуменица кој изнесува 15 евра по лице! Билетот е за во два правци.

Билет за траект на релација Игуменица- Остров Крф- Игуменица (Задолжителна доплата од 15 евра по лице) за во два правци.
Патничко осигурување (без франшиза) (ЗАДОЛЖИТЕЛНО, се прави во агенцијата)
Факултативните излети
Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително )

 

Важно
CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
Грчки стандард за брачен кревет 160-180cm
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.

Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.