МЕКСИКО

План и програма

 
Ден 1: Состанок на патниците и поаѓање
Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул во 20:35h (TK1006). Пристигнување во Истанбул во
00:10h по локално време.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
Скопје, Истанбул
Ден 2: Пристигнување во Канкун и трансфер до Плаја дел Кармен
Преседнување на лет за Канкун (Cancun) во 02:30h (TK181). Пристигнување во Канкун во 12:55h. ¡Hola Mexico! Трансфер до Плаја дел Кармен (Playa del
Carmen), преубаво место на брегот на Карипското Море во државата Кинтана Ро (Quintana Roo) и едно од најубавите места на Ривиера Маја (Riviera Maya)!
Типично мексиканско градче кое од рибарско село прераснало во вистински бисер на тиркизниот Карипски брег заради убавата песочна плажа исполнета со весели и
разиграни барчиња на плажа, тропска и егзотична атмосфера, маријачи, мексикански кантини и ресторани со превкусна храна.. Убаво средени улици од кои најважна
е Quinta Avenida (5-та Авенија) односно главната улица која се протега долж океанот и плажата, а е веднаш до нашето сместување. Тука ќе најдете продавници кои
продаваат интересни предмети, модерни бутици, тезги со традицонални сувенири, улични музичари и жива атмосфера која е полна со неодоливиот мексикански
шарм. На оваа улицата се наоѓаат најпознатите ресторани и барови и ја прават една од најдобрите места за ноќен живот.
По пристигнувањето во Плаја дел Кармен во попладневните часови се сместуваме во хотел. Вечерта, по желба, одиме на традиционална мексиканска вечера, а потоа
во бар на неколку пијачки (текила, пиво или коктели, одлучете сами :) ).
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Канкун (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Трансфер од аеродром до сместување
Сместување
Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen (1 ноќ)
Место
Канкун (Cancun), Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)
Ден 3: Запознавање со Карипскиот рај и можност за посета на островот Козумел (Cozumel)
Совршено отворање на нашата Мексиканска авантура! - Козумел (Cozumel)! Веднаш спроти брегот на Плаја дел Кармен, се наоѓа Козумел, најголемиот остров на
Мексиканските Кариби, или за многумина неизбежната точка при посета на Карипско море. Задолжителна станица на сите светски луксузни крузери, заради
прекрасните егзотични плажи. Козумел го краси рајска и живописна природа, плажи со бел мек песок, карипско сина вода и е совршеното место за релаксирање,
забава, вкусна храна и полнење со позитивна енергија. Засолниште за љубителите на природата, риболовците, нуркачите и романтичарите, Козумел е сметан од
античките Маите како дом на божицата на љубовта и плодноста. Освен прекрасните плажи по кои надалеку е познат, како круна на островот е шареното мексиканско
градче San Miguel de Cozumel од каде започнува нашата авантура на островот.
Сместување
Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen (1 ноќ)
Место
Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)
Храна
Континентален појадок × 1
Ден 4: Факултативен излет - Тулум (Tulum) и Коба (Coba)
Факултативен излет во Тулум (Tulum), градот на Маите на брегот на Карибите. Денот го започнуваме со посета на археолошката зона на Тулум, односно се
запознаваме со еден од последните Мајански градови и еднствениот кој се наоѓа на самиот брег. Забавна и возбудлива историја која како приказна не забававува
додека околу нас се шетаат игуани во различни големини. Стоиме на самата граница помеѓу густата џунгла и тиркизот на Карипското море. Град кој останал
релативно зачуван и сеуште тука може да се видат кули за набљудување, храмови и резервоари со вода која ја користеле Маите. Слушаме приказни и се соживуваме
со еден цел нов свет и нова култура! Авантурата ја продолжуваме длабоко во џунглата во Коба или изгубениот град. Возиме точаци или трицикли во овој тропски и
егзотичен рај и се разминуваме со неговите моментални жители, мајмуните :)! Авантурата ја завршуваме во Тулум на плажа! Една од најубавите плажи и места на
Карибите. Мноогу егзотика измешана со бохо стил, eco-chic хотели, барови и ресторани, бел песок, тиркизното Карипско море како од разгледница, laid back
атмосфера и високи палми кои ги допираат облаците.
Сместување
Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen (1 ноќ)
Храна
Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Тулум (Tulum) и Коба (Coba)

Ден 5: Факултативен излет - Четири сеноти
Факултативен излет и капење во уникатните природни подземни базени кои ги има само тука на светот! Карактеристични за Јукатан, посетуваме четири сеноти и
уживаме во длабокото синило и пливаме во кристално чистата вода. Пливаме во отворени, затворени и полу отворени сеноти, мали оази кои ја праваат оваа авантура
незаборавна! Втората половина на денот ја поминуваме на една од најпознатите плажи на Ривиера Маја.
Сместување
Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen (1 ноќ)
Храна
Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Четири сеноти
Ден 6: Факултативен излет - Чичен Ица (Chichen Itza)
Факултативен излет и посета на една од најпознатите Мајански пирамиди која е прогласена за едно од Седумте Светски Чуда - Чичен Ица(Chichen Itza)! Ова сигурно
ќе биде едно од најимпресивните места кои ќе ги видите во животот, а приказната за Маите, нивната култура и начин на живот ќе ве допрат и ќе ве натераат на
длабоко размислување. По посетата на комплексот одмораме и се освежуваме во една од најпознатите сеноти во Јукатан, сенотата Hubiku. На враќање го посетуваме
шареното колонијално градче Ваљадолид (Valladolid).
Сместување
Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen (1 ноќ)
Место
Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)
Храна
Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Чичен Ица (Chichen Itza)
Ден 7: Факултативен излет - Исла Холбош (Isla Holbox)
Факултативен излет на еден од најубавите Карипски острови кој никако не смее да се пропушти! Исла Холбош (Isla Holbox) е мал тропски рај без асфалтирани улици,
автомобили, бука... На островот не се дозволени автомобили, па го истражуваме со велосипеди и голф колички. Шармира со ниските шарени мали куќички и барови
кои ја красат белата песочна плажа, а кристално чистата тиркизна вода е прошарана песочни насипи среде море кои наѕираат во бескрајното синило. Попатно
застануваме и на Isla Pasion, ненаселено малечко островче познато по чудесниот биоверзитет - пеликани, фламингоси и шарени егзотични птици! Ден исполнет со
мнооогу уживање и авантура!
Сместување
Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen (1 ноќ)
Место
Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)
Храна
Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Исла Холбош (Isla Holbox)
Ден 8: Факултативен излет - Исла Мухерес (Isla Mujeres)
Факултативен излет и посета на далеку прочуениот и познатиот остров Исла Мухерес (Isla Mujeres). Пловиме со катамаран по тиркизното Карипско море со коктели во
рака и се забавуваме на бродот до пристигнување на островот. По пристигнувањето ја истражуваме Исла Мухерес и време е за уживање на островот кој е посветен
на мајанската божица Ишел, островот на љубовта и плодноста. Овој остров, светски познат е оддалечен од Јукатанскиот полуостров само тринаесет километри и е
совршено место за вистинско доживување на Мексиканските Кариби! Уживаме и на најпозната плажа Playa Norte која со години прогласувана за ТОП10 најубави
плажи на светот.
Сместување
Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen (1 ноќ)
Храна
Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Исла Мухерес (Isla Muјeres)

 

Ден 9: Факултативен излет - Рио Лагартос (Rio Lagartos) и Лас Колорадас (Las Coloradas)
Факултативен излет Rio Lagartos и Las Coloradas! Овие две места доаѓаат на ред како потполно откровение во Мексико! Розевата лагуна, јато фламингоси, пловење со бродче низ мангрова шума, спа на мајански начин и дружење со крокодили!!
Сместување
Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen (1 ноќ)
Место
Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)
Храна
Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Рио Лагартос (Rio Lagartos) и Лас Колорадас (Las Coloradas)

 
Ден 10: Факултативен излет - Бакалар
Ден посветен за Мексичките Малдиви! Одиме на факултативниот излет Бакалар, местенце кое се наоѓа на самиот југ на државата на Quintana Roo, на границата со
Белизе. Со оглед на тоа што Бакалар се наоѓа надвор од туристичкиот дел на Јукатан и далеку од туристичките гужви сеуште е неистражено скриено богатство и нуди
автентично доживување. Бакалар е место со необјаснива убавина благодарение на езерото кое се нарекува "Лагуната со седум бои". Ова прекрасно езеро како што
посочува и неговото име, се прелива во седум нијанси сино кои се менуваат во текот на денот и на различни длабочини. Се восхитуваме на чистината и убавината на
езерото и уживаме во спокојот кој маѓепсува на ова место.
Сместување
Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen (1 ноќ)
Место
Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)
Храна
Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Бакалар (Laguna de los Siete Colores)

 
Ден 11: Напуштање на сместувањето и враќање
Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Канкун до Истанбул во 13:40h. (TK181).
Превоз
Трансфер од сместување до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Канкун – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
Плаја дел Кармен (Playa del Carmen), Канкун (Cancun), Истанбул
Храна
Континентален појадок × 1

 
Ден 12: Пристигнување и крај на патувањето
Пристигнување во Истанбул во 09:35h. по локално време. Преседнување на лет за Скопје во 19:35 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 20:00h. .Крај на
патувањето.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
Истанбул, Скопје

 
Цени и услови

Сместување
Хотел **** во Плаја дел Кармен

 
Што е вклучено:
Комплетна организација и услуги од претставникот на агенцијата на дестинацијата
Сместување во двокреветни соби на база на 9 ноќевања со појадок (континентален појадок) во хотел со 4* (локална категоризација) во Плаја дел Кармен.
Сите трансфери од аеродром до сместување, од сместување до аеродром и меѓу градовите по планот и програмата на патување
Повратен авионски билет со сите такси на релација Скопје - Канкун - Скопје, во економска класа со Turkish Airlines
 

Сместување: Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen

 

Не е вклучено
 

-Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
-Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
-Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
-Виза за Мексико