Jordan – Се наоѓа на главниот плоштад во стариот дел на Сарти, на околу 70 m oд плажата.
Сите студија и апартмани кои се наоѓаат на 2. кат имаат бочен поглед на море, освен студиото бр. 1, кое има помала тераса со поглед на плоштадот.
Напомени за сместувањето на 3. кат во куќата:
– апартманите се наоѓаат на поткровје, купатилата се под косина и висината за туширање е нормална но високите лица треба да се наведнат при влезот низ закосената врата
– терасите имаат убав поглед на море но потесни се за јадење, затоа постои маса во дневната соба
– во четирикреветните апартмани во дневната соба нема прозори но дневната светлина е надокнадена со пескарено стакло на врaтата помеѓу собите
– постои можност за престој на 5. лице во 1/4 апартманите со доплата од 50 ЕУР на кревет за расклопување со димензии 1,05 х 1,75м.
– во 1/5 апартманот има кревети на кат и тросед на расклопување за 1 лице (1,3 х 1,8м) во дневната соба и француски кревет во спалната соба
Сите имаат TV, сигнал за бежичен интернет и клима чие користење е вклучено во цената.