Вила Палма (58)

БЕЧИЌИ е познато летувалиште кое се наоѓа на 4км од центарот на Будва. Карактеристично по неговата долга и широка песочна плажа од скоро 2км.

ВИЛА ПАЛМА се наоѓа на 250м од плажа во непосредна близина на хотелот Бела Виста.Вилата располага со ½ и 1/3 соби како и  1/3 и ¼ студија. Студијата се со  комплетно опремена кујна, сопствено купатило, клима, тв, тераса. Собите се со сопствено купатило, клима (вклучена во цената), тв, фрижидер, тераса. Во вилата се наоѓа и ресторанот Палма каде гостите од вилата имаат појадок и вечера. Исхраната е континентална (избор од неколку јадења). Појадокот е од 07-10часот, а вечерата од 17 до 20часот. Вилата нема сопствен паркинг.


                                                                                                -15% ПОПУСТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.03.2023


ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

 

СМЕНА ПЕРИОД ЦЕНА 
1 11.06 - 20.06 300
2 20.06 - 29.06  310
3 29.06 - 08.07 320
4 08.07 - 17.07 340
5 17.07 - 26.07  355
6 26.07 - 04.08 355
7 04.08 - 13.08 355
8 13.08 - 22.08 340
9 22.08 - 31.08 330
10 31.08 - 09.09 310
11 09.09 - 19.09 300

            * Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ

                            9 пoлу пансиони ( појадок и вечера) со вклучен превоз

 

 

- Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот

- Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот, за сместување во ¼ соба

- Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 70% од цената на аранжманот, за сместување во 1/3 соба

-Попуст за лица над 12год – 20% попуст 

- Дете до  5 год. кое не користи кревет и храна- ГРАТИС (доплата за превоз 25 евра )

* Намалување за патување со сопствен превоз - 10 евра.

* Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.

* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

 

Поаѓање за Црна Гора:
Скопје ( паркингот кај Борис Трајковски ) – 05.00 часот

-  Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.

-  Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.

-  Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.

-  Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.


*Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.              

Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец

( освен седишта 1 и 2)


 НАПОМЕНА 

  •   Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  •   Секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
  •   Сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  •  Агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
  •   При промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се МЕНУВА цената на веќе договорената услуга.
  •   За резервација со попуст за рана уплата , 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, доплата ДО 01.04.2023
  •    За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  •   Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  •   Во случај на отказ на резервација уплатена со ковид ваучер, на патникот ќе му се издаде нов ваучер со намалени отказни пенали.