- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
РИМ АВИО (15)
Рим авион 04.12 сигурна реализација
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура... Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја... Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело... Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа... Шпанските скали...
04 Декември СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 11:40 часот. Лет за Рим во 13:55 часот. Слетување во Рим во 15.40 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампио... Пристигнување во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 2 часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар... Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците...пица, паста, вино, кафе, сладолед... Ноќевање.
05 Декември РИМ – ВАТИКАН
Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи..., Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело.... Пауза за ручек и кафе. Попладне, факултативно разглед на Барокен Рим, (траење околу 2 часа) - уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, плоштадот Навона, Нептиновата фонтана, фонтаната на Четирите реки, фонтаната на Маврот ... Слободно време. Ноќевање.
06 Декември РИМ – КОЛОСЕУМ
Појадок. Факултативно - Анчки Рим - со влез во Римскиот форум и Колосеум, со локален водич (траење оклу 4 часа) - Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, олтарот на Татковината, плоштадот Кампидољо.... Слободно попладне. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.
07 Декември РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер (околу 12.00 часот) до аеродромот Фиумичино. Полетување за Скопје во 16:05 часот. Пристигнување во Скопје во 17:50 часот.
Цена за рана уплата до 15.11: 329€ / 20.400 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 379€ / 23.500 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје со Визер
-Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
-Трансфер аеродром – хотел - аеродром
-Сместување во хотел 3*/ 4* на база ноќевања со појадок
-Организиран панорамски разглед на Рим
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Аеродромски такси 4.960мкд
-Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
-Доплата за кабински багаж од 10кг (55 x 40 x 23cm) или чекиран багаж - куфер до 10kg 1.850 мкд
20kg – 3.150*(цената може да се промени како наближува летот)
-Карти за локален превоз (метро)
-Патничко – здравствено осигурување 150 ден.
-Доплата за еднокреветна соба 5.000 мкд
Факултативни излети:
Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 60 евра
Посета на Колосеум со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 50 евра
Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 20 евра
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
- За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
Начини на плаќање:
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.
Општи напомени за патување:
- Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.