• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

IOANNIS PARADISE-10 ноќи/сопствен превоз (53)

ApartHotel Ioannis Paradise се наоѓа на излезот од Пефкохори кон Палиури, на околу 450 метри оддалеченост од плажата. Објектот е идеален за мирен одмор. Поседува базен со издвоен дел за деца, бар со голем избор на пијалоци, паркинг простор и Wi Fi. Вилата располага со трокреветни, четирикреветни и петокреветни апартмани, кои се наоѓаат на приземје и на прв кат. Заради оддалеченоста од центарот, секојдневно (3 пати на ден) за гостите на објектот се организира бесплатен трансфер до центарот на Пефкохори. Менување на постелнина еднаш во текот на престојот.

 
 

 
 

•             плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

•             Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч

•             По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може

•             за хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови…)

•             промени на веќе потврдена резервација во ист објект и ист термин се наплаќаат 15 еур

•             промена на датумот на патување и/или промена на куќата се пресметува како отказ од патување

•             ТРОШОЦИ ЗА ОТКАЗ ОД ПАТУВАЊЕ

•             10% ако патувањето се откаже од 150 до 45 дена пред почетокот на патување,

•             15 % ако патувањето се откаже од 44 до 30 дена пред почетокот на патување,

•             30 % ако патувањето се откаже од 29 до 20 дена пред почетокот на патување,

•             40 % ако патувањето се откаже од 19 до 15 дена пред почетокот на патување,

•             80 % ако патувањето се откаже од 14 до 10 дена пред почетокот на патување,

•             90 % ако патувањето се откаже од 9 до 6 дена пред почетокот на патување,

•             100 % ако патувањето се откаже од 5 до 0 дена пред почетокот на патување или во текот на патувањето

ЗА ВАЛИДНА РЕЗЕРВАЦИЈА БЕЗ ПОПУСТ Е ПОТРЕБНА УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА, ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ПО КУРС 1 ЕУР=62 ДЕН. ОСТАНАТИОТ ДЕЛ СЕ ДОПЛАЌА НАЈДОЦНА МЕСЕЦ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.