Vila Nikos-10 ноќи/сопствен превоз (100)

40.717777777778,23.707777777778

 

Локација: Vila Nikos се наоѓа недалеку од центарот на Аспровалта, веднаш до шеталиштето кое ја дели од морето на 20 метри. 

Содржина на вилата: Во приземјето на вилата има таверна, каде гостите на вилата можат да си платат оброци. Нудиме трокреветни студија, кои се опремени со грчко-француски кревет и еден стандарден кревет. Повеќето студија имаат директен или страничен поглед на море, додека некои студија имаат поглед позади кон внатрешноста на дворот и кујната. Трокреветното студио, кое има поглед кон дворот и оставата на ресторанот, поради бучавата и мирисот од ресторанот е помалку удобна и пријатна но затоа е посебно обележена со цена во табелата. 

Содржина на собите: Сите сместувачки единици се на прв кат, со помала квадратура, опремени со мини кујна, наменета за подготовка на лесни оброци (фрижидер, мини електричен шпорет, садови), бања, ТВ, WiFi (слаб проток), тераса широка 80 см, клима со доплата од 5 евра на ден и крпи. Терасите се опремени со гарнитури за седење и тенди. Постелнината и крпите се менуваат на 5 дена, додека чистењето е на денот на смената. СТРОГО Е ЗАБРАНЕТО – употреба на тави и пржење на риби

Аранжмани на 10 ноќевања

Vila Tip 26.05 05.06 15.06 25.06 05.07 15.07 25.07 04.08 14.08 24.08 03.09 13.09 23.09
Vila
NikosTV, AC
1/2 Std PP 90* 130* 165* 325 370 420 460 460 460 330 170* 145* 125*
1/3 Std PP 75* 100* 125* 330 375 425 465 465 465 345 135* 115* 100*
1/2 Std SSV 100* 145* 200* 420 500 575 615 615 615 390 200* 160* 140*
1/3 Std SSV 80* 110* 150* 425 505 580 620 620 620 395 155* 125* 110*
1/2 Std SV 105* 150* 205* 430 515 585 625 625 625 405 205* 165* 145*
1/3 Std SV 85* 115* 155* 445 520 595 630 630 630 410 160* 130* 115*
Употреба на клима 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден
Легенда
  • 1/2 Std PP -Двокреветно Студио со поглед на дворот и шпајзот на ресторанот ,поради бучавата и мирисот од ресторанот значително е помалку удобен
  • 1/3 Std PP -Трокреветно Студио кое има поглед кон дворот и магацинот на ресторанот, поради бучавата и мирисот од ресторанот значително е помалку удобен
  • 1/2std SV - Двокреветно Студио со поглед на море
  • 1/3 Std SV - Трокреветно Студио со поглед на море
  • 1/2 SSV - Двокреветно Студио со страничен поглед на море
  • 1/3 SSV - Трокреветно Студио со страничен поглед на море

– Продадените студија/апартмани се означени со црвено

– Изборот на спратност, поглед или број на соба не е возможен, освен ако не е поинаку наведено во програмата.

 

Сезонски услови за деца до 10 години:
– едно дете, до 10 години, во кревет со родители – бесплатно.  Две деца се третираат како еден возрасен.


Услови за деца до 10 години и доплати за дополнителни кревети (попустите важат само кога веќе има две лица кои целосно плаќаат):
– Децата плаќаат 70% од цената на аранжманот, имаат сопствен кревет и седиште во автобус.
– лице на дополнително легло плаќа 70% од цената на аранжманот, има дополнителен кревет и седиште во автобус.
Доколку имате потреба од креветче, при резервација на аранжманот потребно е да се нагласи во агенцијата за да може да се обезбеди со доплата по цена од 2 еур/ден.

Услови за неискористени кревети во сместувачки единици:
– кревети кои не се користат и се во собата се доплаќаат 70% од цената на пакетот

 

– 50% при пријавување на резервација, остатокот најдоцна 30 дена пред датумот на поаѓање.  Доколку странките не го платат преостанатиот износ до целосната цена на аранжманот во пропишаниот рок, се смета дека се откажале од користење на аранжманот и дека резервацијата е откажана.