Vila Paris-10ноќи/сопствен превоз(100)

Локација: Vila Paris се наоѓа во Неа Врасна, на само 70 м од плажа и околу 500 м од Аспровалта. 

Содржина на вилата: Вилата располага со единаесет двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија кои се наоѓаат на првиот и вториот кат. Опкружена е со прекрасно уреден двор со дрвени гарнитури за седење и скара, туш кабина и остава за багаж на последниот ден од вашиот престој. 

Опис на собите: Двокреветното студио се состои од еден брачен кревет, трокреветното студио се состои од еден брачен кревет и еден единечен кревет. Студијата со четири кревети се пространи, имаат еден брачен и два единечни кревети. Едно од четворокреветните студија се наоѓа на аголот, има голема аголна тераса и во ценовникот е одвоен со цена. Секое студио располага со опремена мини кујна (фрижидер, мини електричен шпорет и прибор) за приготвување лесни оброци, бања со туш кабина, пространи тераси со тенди, WiFi (слаб проток), ТВ и клима, чие користење се доплаќа на лице место 5 евра на ден. Вилата нема крпи. Чистењето на сместувачките единици е на денот на смената.

Цените се изразени само во евра

Аранжмани на 10 ноќевања

Vila Tip 26.05 05.06 15.06 25.06 05.07 15.07 25.07 04.08 14.08 24.08 03.09 13.09 23.09
Vila
ParisTV, AC
1/2 Std 95* 150* 175* 385 475 545 565 565 565 445 200* 170* 115*
1/3 Std 80* 115* 130* 395 485 555 575 575 575 455 150* 125* 95*
1/4 Std 70* 100* 120* 445 535 605 625 625 625 495 135* 110* 90*
1/4 BStd 75* 105* 125* 465 565 635 655 655 655 525 145* 115* 95*
Употреба на клима 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден 5€ на ден
Легенда
  • 1/2 std - Двокреветно студио;
  • 1/3 std - Трокреветно студио;
  • 1/4 std- Четирикреветно студио;
  • • 1/4 BStd - Четирикреветно студио со голем балкон (аголна тераса).

– Продадените студија/апартмани се означени со црвено

– Цените означени со ѕвездичка (*) се цени за пакет аранжман (сместување и превоз, без територијална доплата за превоз) по лице

– Не е возможно бирање на кат, поглед или број на соба, освен ако не е поинаку наведено во програмата. 

 

Сезонски услови за деца до 10 години:
– едно дете, до 10 години, во кревет со родители – бесплатно.  Две деца се третираат како еден возрасен. 

 


Услови за деца до 10 години и доплати за дополнителни кревети (попустите важат само кога веќе има две лица кои целосно плаќаат):
– Децата плаќаат 70% од цената на аранжманот, имаат сопствен кревет и седиште во автобус.
– лице на дополнително легло плаќа 70% од цената на аранжманот, има дополнителен кревет и седиште во автобус.
Доколку имате потреба од креветче, при резервација на аранжманот потребно е да се нагласи во агенцијата за да може да се обезбеди со доплата по цена од 2 еур/ден.

Услови за неискористени кревети во сместувачки единици:
– кревети кои не се користат и се во собата се доплаќаат 70% од цената на пакетот   

 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

– 50% при пријавување на резервација, остатокот најдоцна 30 дена пред датумот на поаѓање.  Доколку странките не го платат преостанатиот износ до целосната цена на аранжманот во пропишаниот рок, се смета дека се откажале од користење на аранжманот и дека резервацијата е откажана.