LIOTRIVI HOUSE - 10 ноќи со сопствен превоз (53)

15% ПОПУСТ ЗА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 14.03.2023 И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ ЗА СМЕНИТЕ ОД 27.05. И ОД 06.06.2023

5% ПОПУСТ ЗА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 14.03.2023 И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ ЗА СМЕНИТЕ ОД 16.06.2023 ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Куќа Liotrivi се наоѓа на одлична локација, во центарот на Василики, на околу 50 метри од пристаништето и шеталиштето и на околу 300 метри од градската плажа. Она што ја издвојува е фантастичен поглед на море од сите студија поради местоположбата, на благо возвишение. На само минута од објектот се наоѓаат мини маркети, пекарница и таверни. Располага со двокреветни и трокреветни студија на прв кат  (поради теренот, влезот е на приземје, а балконите во висината на прв кат) и како што и претходно е напоменато сите имаат поглед на море. Секоја сместувачка единица има основно опремена кујна, реновирана неодамна (садови, фрижидер, решо, прибор за јадење), купатило, реновирано неодамна, балкон со гарнитура за седење, ТВ и клима уред чие користење е вклучено во цената. Замена на постелнината и пешкирите е на пола смена, a објектот има бежичен интернет за чија брзина не можеме да гарантираме. Куќата има приватен паркинг. Пред влезот е голем двор со маси и столови за дружење, како и скара која домаќинот ќе ја донесе на барање.

1/2 студио – во една просторија чајна кујна и два единечни легла (споени, димензија 200*190)
1/3 студио – во една просторија чајна кујна, еден брачен и еден единечен кревет

 
 

 
 

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

 

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секое оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-200 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или метална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.

*Влез во Република Грција нема да е безусловен како минатите години. Услов може да е потврда за ревакцинација со одредена врста на вакцина, доказ за негативен ПЦР тест, антигенски тест, што зависи од одлуките на Република Грција. Ве молиме овие факти да ги имате на ум кога резервирате, поради што истите не можат да бидат причина за откажување на резервација.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.

 

ЛОКАЦИЈА