ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-МИЛАНО-ТРСТ-ЉУБЉАНА (65)
Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од најпосетените земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени се Рим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона
-
Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 11:30 часот. Поаѓање за Италија во 12:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
-
Пристигнување во Трст во утринските часови. Спуштајќи се надолу кон Јадранот од диво, карстично плато и речиси целосно опкружен со Словенија, Трст е физички и психолошки изолиран од остатокот на италијанскиот полуостров. Како таков, тој ја зачувува својата уникатна култура на пограничниот град и задржува фасцинантен воздух на флуидност заробен во триестинскиот дијалект, чуден спој на италијански, австриско-германски, хрватски и грчки.По разгледот на градот, упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia - Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi's, Marc O'Polo, Nike и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.
-
Третиот ден е предвиден за целодневна факултативна посета на Верона и Милано. По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија.
Слободно време. Потоа, продолжуваме кон Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо–катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3 400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.
-
Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Романтичниот град Венеција се наоѓа во регионот Венето во Италија - една од најсеверните држави. Овој древен и историски важен град првично бил изграден на 100 мали острови во Јадранското Море.
Една од најпознатите области на градот е светски познатата сообраќајница Гранд Канал, која била главен центар на ренесансата.
Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки, ручек и уживање.. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и враќање кон хотелот во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.
-
Појадок. Во договореното време одјавени од хотелот се упатуваме кон Љубљана, главниот град на Словенија, градот кој често е споредуван со Прага. Градот кој со право ја има престижната титула Зелена престолнина на Европа. Разглед на градот: Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница... Слободно време за индивидуални активности. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Патувањето продолжува преку Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови на 06.05.2024 (понеделник)
ПРОМО ЦЕНА: 169 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 100 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (факултативите се плаќаат во автобус)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидо Ди Јесоло или околина
- Автобуски превоз на наведената релација
- Посета на Трст и шопинг центарот Палманова
- Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, ЦрнаРека (Сирково), Велес
- Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa и разглед со водич - 30€
- Посета на Милано и разглед со водич - 45€
- Посета на Верона и Сирмионе и разглед со водич - 35€
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање
- Индивидуални трошоци
- здравствено патничко осигурување 150 ден.
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето. За ова патување валидни се само пасошите на кои пишува "Република Северна Македонија".
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место