Приказна за Југославија што повеќе ја нема

Белград - Куќата на цвеќето на Дедиње – Загреб – Љубљана - Постојнска Јама – Опатија -Национален Парк „Плитвице“- Бихаќ – Јајце – Сараево - Сплит – Омиш – Дубровник - Херцег Нови – Подгорица – „Нијагарини Водопади“

 

(20.04.2024 – 28.04.2024)

 

Прв ден: 20.04.2024 (сабота)

00:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 02.00 часот од Скопје кон Србија со туристички автобус. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Во утринските часови пристигнување во Белград, еден од најстарите европски градови. Организиран разглед на градот со локален туристички водич: Калемегдан, најпознатата Кнез-Михајлова улица, Плоштадот на Републиката и плоштадот Теразије. Организирана посета на Куќата на цвеќето на Дедиње во која се погребани посмртните останки на поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка Броз. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во договореното време го продолжуваме патувањето кон Загреб, главниот град на Хрватска. Сместување на групата во хотел Laguna3*** (https://hotel-laguna.hr/ ). Слободно време за одмор од патувањето. Ноќевање.

Втор ден: 21.04.2024 (недела)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме на организиран разглед на Загреб со локален туристички водич: Стариот дел на градот со средновековните квартали Каптол со катедралата и Градец со камената порта со чудотворната икона на Богородица и Христос, црквата „Свети Марко“, кулата Лотршчак... Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време го продолжуваме патувањето кон Љубљана, зелената престолнина на Словенија. Сместување на групата во хотел Park“ 3*** (B&B - Европски ланец на хотели) во центарот на Љубљана (www.hotelpark.si). Слободно време за одмор од патувањето. Во договореното време заминуваме на организиран разглед на градот со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот Споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ градот. Ноќевање.

Трет ден: 22.04.2024 (понеделник)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и го продолжуваме патувањето кон Постојнска Јама, најголемата геолошка атракција во Словенија и најголемата пештера во Европа. Според натписите во пештерата, првите туристи ја посетиле уште во 13. век. Постојнска Јама претставува сплет од 20 километри подземни тунели, галерии и сали, а за туристите се отворени 5300 метри површина. Пештерата е богата со подземен биолошки свет, а најпозната е човечката рипка која го добила името по бојата која потсетува на човечката кожа. По организираниот разглед заминување на групата кон Опатија. Сместување во Astoria“ 4**** (https://bristol.hr/), еден од најубавите хотели во Опатија. Слободно време за индивидуални прошетки на шеталиштето Лунгомаре покрај море. Ноќевање.

Четврти ден: 23.04.2024 (вторник)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Плитвичките Езера, најголемиот Национален Парк во Хрватска прогласен во 1949 година, а од 1979 година е вклучен во списокот на УНЕСКО на светското наследство. Има околу 16 прекрасни Плитвички Езера чија должина е 8 километри, а висината на најголемиот водопад е 20 метри. Организиран разглед со локален туристички водич. Одушевени од убавините што може да ги создаде природата, се упатуваме кон Босна и малиот шармантен град Бихаќ распослан на брегот на реката Уна. Сместување на групата во хотелот Emporium“ 4**** (https://www.emporium.ba/ ) во непосредна близина на центарот на градот. Одмор од патувањето. Во договореното време заминуваме со локален туристички водич на организиран разглед на градот кој освен најзначајните културно историски споменици ја вклучува и посета на Музејот на АВНОЈ каде во 1942-ра година е одржаното Првото заседание. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Петти ден: 24.04.2024 (среда)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Јајце надалеку познат како кралски град; тука во црквата Света Марија е крунисан последниот босански крал Стјепан Томашевиќ. Организиран разглед на стариот дел од градот во кој се испреплетуваат остатоци од Босанското Кралство, Отоманската Империја, зачуваната архитектура и калдрмите... Еден од најинтересните споменици во градот се Катакомби или подземна црква направена во карпата пред повеќе од 600 години, а свое место сеуште има Музејот во кој во 1943-та година е одржано Второто заседание на АВНОЈ. Организираниот разглед го завршуваме во центарот на градот каде се наоѓа еден од 12-те најубави водопади на светот. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време го продолжуваме патувањето низ Босна до нејзиниот главен град Сараево низ кој тече реката Миљацка. Сместување на групата во хотелот Art 4**** лоциран во центарот на градот, на само 300 метри од прочуената Башчаршија (https://hotelartsarajevo.com/ ). Слободно време за одмор од патувањето, а потоа следува организиран вечерен разглед на градот со локален туристички водич. Посета на Парламентот, Националната Библиотека, улиците Сарачи, Казанџилук и Браваџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското Царство, Башчаршиската Џамија, Инат куќа, Саат Кула, Караван Сарај, Латинската Ќуприја - местото на атентатот на Франц Фердинант, Соборната Православна Црква, Катедралата ... Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.

Шести ден: 25.04.2024 (четврток)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот се упатуваме кон Хрватска и средновековниот бисер на Далмација, градот Сплит. Пристигнување во раните попладневни часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Во внатрешноста на ѕидините се наоѓаат бројни културно-историски споменици, музеи и галерии, меѓу кои и црквата Св.Дује - заштитник на градот. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови заминуваме кон малиот стар далматински град Омиш со прекрасна архитектура и неверојатна комбинација од високи планини кои понираат во морето, а меѓу нив тече една од најчистите реки во Европа-Цетина. Сместување на групата во хотел Plaza 4* (https://www.hotelplaza.hr/hr/ ). Слободно време за одмор од патувањето. Ноќевање.

Седми ден: 26.04.2024 (петок)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон уште еден бисер на Јадранот-Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е еден од оние градови од кој се воодушевува целиот свет, белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах. Организиран разглед со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови се упатуваме кон Црна Гора во Игало, едно од осумте туристички места низ кои се простира Херцегновската Ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотелот Palmon Bay Hotel&Spa“4+ **** (https://www.palmonbayspa.com). Ноќевање.

Осми ден: 27.04.2024 (сабота)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Подгорица, главниот град на Црна Гора кој во СФРЈ го носеше името Титоград, градот со прекрасна природа и богата историја, некогаш познат како град со најмногу зеленило. Организиран разглед со локален туристички водич, а потоа заминуваме кон кањонот на реката Цијевна каде се наоѓаат прекрасните црногорски водопади наречени „Нијагарини Водопади“. Изградени се пред 150 години за потребите на воденицата во која некогаш се мелело брашно, а денес се туристичка атракција. Слободно време за уживање во овој прекрасен амбиент. Во вечерните часови заминуваме кон Македонија. Пристигнување во недела, на 28.април во претпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ......... 555 евра (34.410 денари)

(плаќање во денарска противвредност)


Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус

  • Седум ноќевања со појадок во хотели во Загреб, Љубљана, Опатија, Бихаќ, Сараево, Омиш и Херцег Нови

  • Организиран разглед на местата вклучени во програмата со локални туристички водичи

  • Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Влезници за сите Музеи, Национални Паркови и локалитети кои се посетуваат: Куќата на Цвеќето на Дедиње, Постојнска Јама, Националниот Парк „Плитивички Езера“, Музејот на АВНОЈ во Бихаќ, Музејот во Јајце– 80 евра

  • Туристички такси за сите хотели за сите 7 ноќевања – 15 евра

  • Доплата за еднокреветна соба- 220 евра

  • Патничко осигурување 150 ден.

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници