КРИТ

Крит е најголемиот остров во Грција и петти на Медитеранот. Првите знаци на цивилизацијата датираат од пред 6000 години п.н.е и поради што, со право овој остров денес се смета за родно место на европската цивилизација. Благодарејќи на својата географска положба (помеѓу Европа, Азија и Африка), многу цивилизации од минатото оставиле свој белег на Крит, кој може да се доживее и денес. Крит е остров кој има се' што би посакале да имате на еден прекрасен одмор. Од високи планини, до воодушевувачки и прекрасни плажи. Пространи полиња со маслинови дрвја, од кои се добива познатото критско маслиново масло, како и убави виногради. Шетајќи низ островот, на многу места можат да се видат археолошки и историски споменици, кои низ долгите векови биле создавани од луќето. Но тука, освен историскиот, истовремено можете да го почувствувате и пулсот на модерниот Крит. Медитеранскиот начин на живот во него, целосно може да се доживее при посетата на бројните ресторани со медитеранска и грчка кујна, на ноќните барови и диско клубови, или пак едноставно со прошетка низ бројните населени места.