• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ОСТРОШКИ МАНАСТИР - БУДВА – ЦЕТИЊЕ (5)

10.07.21Поаѓање во 00.15 часот со автобус, преку Албанија за Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови, прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија како и можност за капење. Попладнето поаѓање за Цетиње – старата престолнина на Црна Гора, со Цетинскиот манастир – симболот на Црногорската духовност, во кој се најдуваат моштите на св. Јован Крстител, палатата на Крал Никола, Плавата палата, палатите на конзулатите. Потоа се продолжува за Манастирот св. Василие Острошки, сместен високо на карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и манастир на Балканот. Основан е од Василије во 17век и се верува дека моштите на св. Василије Острошки се чудотворни и се најдуваат во Горниот Манастир. Бесплатно ноќевање во Манастирот на отворено а во соби од манастирот се доплаќа по 5 € за кревет. (доколку има места, резервации не се примаат).

11.07.21 - Поаѓање за Македонија со попатна посета на трговскиот шопинг центар Делта Сити во Подгорица, па преку Скадарското езеро, низ Тирана продолжување за Прилеп со попатни паузи. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.


Цена: 1590 ден.


Во цената е вклучено:

– автобуски превоз на дадената релација

– посета на Будва, Цетиње и Острошки манастир

– организација и придружник на патувањето


Во цената не е вклучено:

– осигурување – без франшиза (100 денари)

– ноќевање во Острошкиот манастир во соби – доплата по 5 евра по кревет на лице место

– влез во Цетиње и туристичка такса на Острог – 2 евра

– автобуски превоз од Долниот до Горниот манастир Острог – повратна (2 – 3 евра)


Напомена: Рок на пријавување до 07.07.21 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Меридијан и СКТМ.