• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

БЕРАТ – ЕЛБАСАН - еднодневна (6)

Термини : 14.02 , 28.02 , 21.03.2021

ПРОГРАМА:

Состанок на групата во 04: 00 часот на паркингот кај спортската сала. Поаѓање за Албанија. Патуваме преку Охрид, Струга, г.п. Ќафасан. Пристигнување во Берат во утринските часови.

Сепцифичната традиционална архитектура на овој таканаречен град на 1000 прозорци е она што го става Берат на листата на УНЕСКО. Тоа е град кој постои од 4 век кога била издигната тврдината. За разлика од многу тврдини на Балканот, интересното за оваа е што е сеуште населена. Изграден на два спротивни рида поделени од река, бројните прозорци од едната страна на реката се како огледало на оние од другата страна на реката, навидум исти, а сите со посебни обележја, што дава хипнотизирачки ефекет на туристите. Берат е гордост на албанската архитектура, ризница на албанската историја и доказ за хармонијата помеѓу верата и културата низ вековите. Тука имаме слободно време за разглед на градот, можност за посета на тврдината, иконографскиот музеј Онуфри, црквата св. Тројца или дегустација на локални специјалитети во традиционалните ресторани. После пладне, состанок на групата и поаѓање за Елбасан.

Пристигнување во Елбасан после пладне. Римски императори, султани, фашисти и комунисти, сите имаат дадено свој придонес во изградбата на овој антички град низ вековите. Како таква, тврдината на Елбасан и новиот град под неа се комбинација од различни и можеби неспоиви стилови и влијанија, кои на градот му даваат еден уникатен изглед.  Слободно време за прошетка низ градот, поеста на тврдината, саат кулата, прошетка низ чаршијата, кафе, ручек. Во доцните попладневни часови состанок на групата и поаѓање за Битола. Враќање во Битола во вечерните часови.

 

Цена: 800 денари

 

Во цената е вклучено:

- организиран превоз на дадената релација

- посета на Берат и Елбасан

- лиценциран туристички придружник на патувањето

 

Напомена: За реализација на овај аранжман, потребно е минимум од 30 патници.