VILA ELENI (86)

Вилата Елени се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата. Вилата е комплекс од три понови згради, со голем базен. Располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат поглед на базен и се распределни на високо приземје и прв кат. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ и тераса. Вилата има интернет (чиј сигнал е најдобар кај барот, каде се наоѓа рутерот). За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.

Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка, а исто така има и бар. Постои можност за изнајмување на клима која се доплатува на лице место и изнесува 7 евра од ден


GPS координати 39.70593024652262, 19.840154823210707


Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 20€ по лице.
ПРОМО цените до 15.02. На овие цени не следува попуст за споен термин, ниту намалување за сопствен превоз.


7ноќи и превоз Вила Елени+ (базен)
Термин: Тип соба Редовна по лице FIRST MINUTE
03.06-10.06 1/2
1/3
124€ 104€
10.06–17.06 1/2
1/3
 134€  114€
17.06-24.06 1/2
1/3
144€ 129€
24.06-01.07 1/2
1/3
164€ 149€
01.07-08.07 1/2
1/3
184€ 169€
08.07-15.07 1/2
1/3
204€ 189€
15.07–22.07 1/2
1/3
214€ 199€
22.07-29.07 1/2
 1/3 
224€ 209€
29.07-05.08 1/2
1/3
224€ 209€
05.08-12.08 1/2
1/3 
244€ 219€
12.08-19.08 1/2
1/3
244€ 219€
19.08-26.08 1/2
 1/3 
234€ 189€
26.08-02.09 1/2
 1/3 
184€ 169€
02.09-09.09 1/2
1/3
164€ 159€
09.09-16.09 1/2
 1/3 
154€ 139€
16.09-23.09 1/2
 1/3 
134€ 119€
23.09-30.09 1/2
 1/3 
114€ 104€

 НАПОМЕНИ:

 Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 1евро по соба на ден. Се плаќа во автобус.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат
•За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)

НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти. 

  •  Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
  •  Цена само за превоз 85 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци.
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
  • Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa..

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект
  • Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 16h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во дел предвиден за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Пешкири се менуваат на четвртиот ден од престојот, додека постелнината не се менува.
  • Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот