• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA PAPUS (12)

Куќа „Папус“ е лоцирана во стариот дел на Сарти, на околу 60-70 метри од песочната плажа.

Содржини: Студијата се лоцирани на третиот кат, а дуплекс-апартманот (со две одвоени спални соби и кујна) на високо приземје. Дел од нив со поглед кон море. Во понудата нема пешкири. Забелешка е дека сите студија и апартмани се опремени со стар мебел (ве молиме да се информирате за сите детали) и комплетно опремени мали кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима која се доплаќа во објектот (5 евра на ден) и интернет вклучен во цената.

 

Вонсезонски цени

ТЕРМИННОЌЕВАЊА1 И 2 ЛИЦЕ3 И 4 ЛИЦЕ
30.5-6.6 7 89 35
6.6-13.6 7 109 35
13.6-20.6 7 139 35
20.6-27.6 7 159 35

Cезонски цени

ТЕРМИННОЌЕВАЊА1/2 СТУДИО1/3 СТУДИО1/4 ДУПЛЕКС
27.6-6.7 9 449 495 555
6.7-15.7 9 469 515 615
15.7-24.7 9 489 535 645
24.7-2.8 9 529 565 645
2.8-11.8 9 529 565 645
11.8-20.8 9 529 565 645
20.8-29.8 9 499 545 605

Вонсезонски цени

ТЕРМИННОЌЕВАЊА1 И 2 ЛИЦЕ3 И 4 ЛИЦЕ
29.8-5.9 7 159 35
5.9-12.9 7 129 35
12.9-19.9 7 109 35
19.9-1.10 10 99 35

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. за патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 2170 мкд. (35 евра)
    • За деца до 12 години 1550 мкд. (25 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените.
  • Агенцијата ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации околу и за капацитетите, не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата  ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата.