• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Кападокија (23)

Термин 04 Март 2021


01 Ден 04.03.2021 СКОПЈЕ – ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:

Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 08 30 ч.. Поаѓање во 09:00 часот. Се патува преку гр.премин Деве Баир, Бугарија (Софија,Пловдив), покрај Истанбул, Анкара, со попатни паузи за одмор и царински формалности.


02 Ден 05.03.2021 СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU) - ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:

Патуваме кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 80 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро... По одморот продолжуваме кон Ѓореме,Кападокија. Пристигнувањее во пладневните часови. Сместување во одбран хотел. Индивидуална прошетка и запознавање со местото.

Во пoпладневните часови започнува магијата на Кападокија:

Предлагаме возбудлива посета на ЦРВЕНА ДОЛИНА и запознавање со првите приказни за Кападокија. Потоа прошетка низ стара грчка напуштена населбаЧаушин но и стари селџучки куќи кои сеуште се во употреба. Прошетка покрај "самовилинитеоџаци". Можност за освежување со свежо цеден сок од калинка. Посета на остатоците од старата тврдина - место со најубавиот залез на сонцето(факултативно). Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Ѓореме. Ноќевање.


03 Ден 06.03.2021 ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА : ЛЕТ СО БАЛОН – "КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА" – ТУРСКА ВЕЧЕР

Денот е предвиден за 3 возбудливи доживувања:

1. ЛЕТ СО БАЛОН: од платото нахотел ТУРИСТ 4*!

Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над самовилските оџаци на Кападокија. Ова е авантура што никогаш нема да ја заборавите... уживајте во убавината и возбудата додека балонот нежно се издига. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако... магичното изгрејсонце. Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот и сертификат за летање со балонот.Враќање во хотел.

Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. Летот на балоните најмногу зависи од временските услови (ветер, дожд, магла) и протокол за Ковид 19. Појадок.

2. КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА: Ве водиме во подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км.... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка по дел од долината, по течението на реката Мелендиз, со пауза за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Пауза за ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река... Продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. Враќање во хотел.

3. ТУРСКА ВЕЧЕР:Во вечерните часови ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц, во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови. Враќање во хотел. Ноќевање.


04 Ден 07.03.2021 ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА – " МАГИЈАТАНА КАПАДОКИЈА" (МУСТАФАПАША - КАЈСЕРИ )

Појадок. ....Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации. Почнуваме со посета на Мустафапаша, стара Грчка населба Синасос, некогаш едно од најбогатите места. Денеска место каде живеат Македонци. Потоа ве водиме до Keslik Mанастирот, издлабен во вулканскиот туф уште во времето на Византијците и се користел све до 1920 г. Потоа пристигаме во Кајсери. Голем, моќен и многу важен центар кој Селџуцките Турци го освојуваат како и Кападокија и цела централна Анадолија во 1084 год.. Место каде што се уште постои најстарата Болница во Анадолија, изградена од Селџуците во 1206 год. а денес претворена во Музеј на Историјата на Селџуците. Ќе ја видиме и Sahibiye medresesi – некогашната школа за Исламот, денеска претворена во продавница за книги. Ќе ја видиме и џамијата Hunat Hatun od 13 век. Во Кајсери постојат и остатоци од Римскиот период. Кајсери е познат по најквалитетната ПАСТРМА и СУЏУК во Турција. На 25 км од Кајсери се издигнува највисоката планина во Анадолија, Erciyes, 3917 m. висока, со кратер на врвот од изгаснат вулкан. Прошетка низ прочуената Кајсери чаршија. Место познато и од Турските ТВ серии. Секако, ве водиме и во шопинг центар ФОРУМ.

Враќање во хотел. Слободно време.

Вечерта можност да присуствувате на религиозна церемонија – Танц на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарај од 1259, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите. Ноќевање.


05Ден 08.03.2021 ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА: "СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА"

Појадок. Ве водиме во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на "Ѓореме музејот на отворено"- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина а најзначајна од нив е црквата Св. Василиј... Комплексот е под заштита на УНЕСКОод 1984 год. Одиме кон замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме... Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Следи разглед на Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила... а потоа посета на долината на имагинации Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени - волшебни оџаци. Посета на долината Зелве. Посета на долината на љубовта и за крај кратка пауза за фотографирање во долината на гулабите...

Ноќно возење покрај Истанбул, Едрене, гр. Премин Капикуле, Пловдив, Софија


06 Ден 09.03.2021 - СКОПЈЕ : Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел во Кападокија :

Хотел 4* - ЃОРЕМЕ

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 169 € ( 10.480денари )

CAVE / STONE – ПЕШТЕРСКИ ХОТЕЛИ во ЃОРЕМЕ

Појадок со поглед на " Вилините оџаци " но и на балоните кои летаат над Вас !

"OSMANBAY" CAVE HOTEL, "ZARA" CAVE HOTEL и сл. – Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење...

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 € (11.720 денари)


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација (Тв,двд,клима,тоалет)
  • Ковид 19 протокол запазен!
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 4*во Гореме, во срцето на Кападокија., или
  • 3 ноќевања со појадок во CAVE / STONE хотели "OSMANBAY" CAVE HOTEL, "ZARA" CAVE и сл.во Гореме, во срцето на Кападокија.
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,
  • Организација на патувањето,
  • Лиценциран, туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 210 мкд,
  • "Голема Тура Кападокија", совлезници и вклучен ручек (без пијалок), автобус, локален водич: (45€),
  • "Срцето на Кападокија" со влезници и ручек (без пијалок), автобус, локален водич: (45€),
  • "Црвена Долина" со залез на сонцето, автобус, локален водич: (15€),
  • "Mагијата на Кападокија", со посета на Кајсери, автобус, локален водич : (35€),
  • Турска вечер со шоу програма, вечера и неограничен пијалок, автобус, локален водич: (35€),
  • Танц на дервишите /церемонија , автобус, локален водич: (25€),
  • Лет со балон - (од €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација.
  • (Информација за цена , одобрение за лет поради Ковид 19, можни слободни места,ќе имаме непосредно пред патувањето.)
  • Туристичка такса 300 ден по лице ( се плаќа во агенција )
  • Доплата за еднокреветна соба : Хотел 4* 3900 ден, Cave: 4200 ден
  • * За реализација на ова патување, потребен е мин./макс. од 25 патници. (50% пополнетост на автобус)
  • * Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.
  • * За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • * Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, во случај на помал број на пријавени патници, или други непредвидливи ситуации поради Пандемијата, која го спречува патувањето.
  • * Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
  • * Седењето во автобус е според датумот на уплатата и слободните места.
  • * Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Меридијан Травел
  • * Важноста на пасошот треба да биде мин. 6 месеци од денот на напуштање на Турција.
  • * Ги запазуваме сите протоколи за патување дадени за Ковид 19.
  • *Можност за плаќање на 6 рати без камата*

КАПАДОКИЈА -престолнина на древните Хетити

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел на Византија, се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

Ѓореме: Срцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, е почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, Турска сауна, масажа со лековита кал... Градче опколено со автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год....со еден збор, наша најтопла препорака за сместување во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тукасе работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето воопшто не потсетува на амбиентот на Кападокија.

Оддалечен 10 км од Гореме.

Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточено градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на "Брдото на желбите", сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со мал амбиент на Кападокија.

Учхисар (Uchisar)- "Три тврдини": Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански стени во кои имало некогаш живот.Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Градот не е посебно туристички интересен а се користи за сместување на туристи кои доаѓаат во Кападокија, поради малиот број на сместувачки капацитети во околина а и пониската цена.

Оддалечен 15 км од Ѓореме.