Katerina studios се наоѓа на одлична локација, на само неколку чекори од малата шљунковита плажа (се преминува улицата) и на околу 200м од пристаништето и центарот на Василики. Во близина има уште една мала плажа, додека градската плажа е на околу 500 метри. Она што ја издвојува е директниот или делимичниот поглед на море од сите студија и апартмани, како и можноста за користење на базенот и барот (со консумација) во соседниот хотел Apollo. Располага со двокреветни и трокреветни студија, трокреветни студија со помошен кревет, како и со трокреветни и четирикреветни апартмани, кои се наоѓаат на приземје и на прв кат (поради теренот, влезот е на приземје, а балконите во висината на прв кат). Студијата на кат и едно на приземје имаат поширок поглед на море, додека студијата и апартманите на приземје имаат делимичен поглед на море заради вегатацијата и фактот дека се на приземје. Секоја сместувачка единица има основно опремена кујна (садови, фрижидер, решо, прибор за јадење), купатило, тераса или трем – терасен простор со гарнитура за седење и лулашка, ТВ и клима уред чие користење е вклучено во цената. Замена на постелнината и пешкирите е на пола смена, a објектот има бежичен интернет за чија брзина не можеме да гарантираме. Куќата има приватен паркинг пред објектот со ограничен капацитет и нема можност за резервација или гаранција за слободно паркинг место.
1/2 студио – во една просторија чајна кујна и еден брачен или две единечни легла
1/3 студио – во една просторија чајна кујна, еден брачен и еден единечен кревет
1/3+1 студио – во една просторија чајна кујна, еден брачен и еден единечен кревет и ранчо (помошен кревет)
1/4 студио – во една просторија чајна кујна, еден брачен и два единечни кревети
1/3 апартман – во една просторија чајна кујна и еден единечен кревет, во другата просторија еден брачен кревет
1/4 апартман – во една просторија чајна кујна и два единечни кревети, во другата просторија еден брачен кревет