• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ВАЛОНА – БЕРАТ – ЕЛБАСАН (6)

ПРОГРАМА:

1 ден (сабота – 06.03.2021): БИТОЛА – ВАЛОНА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во Битола во 04:45 часот. Поаѓање за Албанија во 05:00 часот. Патот води преку Охрид, Струга, г.п. Ќафасан. Пристигнување во Валона во претпладевните часови.

Културно и економски, Валона е еден од најважните градови во јужна Албанија, а се смета и за еден од најстарите градови во Албанија и регионот.Сместен на Заливот Валона – влезот на Јадранското море, опкружен со маслинови градини, е едно од најсончевите места во Источен Медитеран.Валона е дом на различни архитектонски стилови кои претставуваат влијателни периоди во нејзината историја. Архитектурата е под влијание на илирската, грчката, римската, италијанската и комунистичката архитектура. Во 21 век, Валона се претвори во модерен град, со модерни нови згради и многу зелени површини, особено со реализацијата на проеткот Лунгомаре со кој Валона доби прекрасни пешачки зони, велосипедски патеки, паркови и дрвореди и сосема нов блескав изглед на обалата.

Започнуваме со посета на островот Зврнец. Покриен со борова шума, до овој мал прекрасен остров покрај брегот на Валона може да се стигне со прошетка по мост долг 270 метри, нудејќи уникатно искуство на единство со природата.Островот е домаќин и на добро сочуваниот византиски манастир од 13 век, Св. Богородица. После посетата на островот и манастирот,  сместување во апартмани. Слободно време за одмор, индивидуална прошетка низ центарот на градот, кафе во некоја од бројните стилски уредени кафетерии. Во доцните попладневни часови следува организирана вечера во традиционална таверна покрај обалата, со главно јадење, салата и аперитив. Враќање во апартманите. Ноќевање.

 

2ден (недела – 07.03.2021):БЕРАТ – ЕЛБАСАН – БИТОЛА

Во утринските часови, напуштање на собите и поаѓање за Берат. Пристигнување во Берат претпладне и разглед на стариот дел од градот со стручен локален водич.

Специфичната традиционална архитектура на овој таканаречен град на 1000 прозорци е она што го става Берат на листата на УНЕСКО. Тоа е град кој постои од 4 век кога била издигната тврдината. За разлика од многу тврдини на Балканот, интересното за оваа е што е сеуште населена. Изграден на два спротивни рида поделени од река, бројните прозорци од едната страна на реката се како огледало на оние од другата страна на реката, навидум исти, а сите со посебни обележја, што дава хипнотизирачки ефекет на туристите. Берат е гордост на албанската архитектура, ризница на албанската историја и доказ за хармонијата помеѓу верата и културата низ вековите. После разгледот следува слободно време за индивидуална прошетка и дегустација на локални специјалитети во традиционалните ресторани и модерните кафулиња.

Во попладневните часови поаѓање за Елбасан. Римски императори, султани, фашисти и комунисти, сите имаат дадено свој придонес во изградбата на овој антички град низ вековите. Како таква, тврдината на Елбасан и новиот град под неа се комбинација од различни и можеби неспоиви стилови и влијанија, кои на градот му даваат еден уникатен изглед. Слободно време за прошетка низ центарот на градот, посета на тврдината, саат кулата, прошетка низ чаршијата, можност кафе или ручек во традиционален ресторан во самата тврдина. Поаѓање за Битола во доцните попладневни часови. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 2.980,00денари

-Можност за плаќање на две месечни рати

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 1ноќевање во студија во Валона
  • Организирана вечера во таверна (главно јадење, салата, аперитив)
  • Посета на островот Зврнец и манастирот Св. Богородица
  • Посета на Берат со стручен локален водич
  • Посета на Елбасан
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување

Напомена:За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Меридијан.