РИМИНИ-ФЕРАРА-БОЛОЊА-РАВЕНА-САН МАРИНО 24 МАЈ
ФЕРАРА - градот на најубавите палати. Тој е град со бајковита убавина и голем број знаменитости, а најголемиот број знаменитости на Ферара датираат од 14 и 15 век. Заштитен знак на овој град е велосипедот кој доминира како превозно средство.
БОЛОЊА - главен град на регионот Emilia Romanga. Позната по својата архитектура во која доминира топлата црвено-портокалова боја, а самиот центар на градот, со оглед на тоа што има само половина милион жители, е многу голем и добро сочуван. Болоња се смета за гастрономски главен град во Италија, а шпагети болоњезе и болоња лазањи се специјалитети познати низ целиот свет. Денес, во Болоња се сместени некои од најпознатите факултети во Италија, како и најстариот универзитет во Европа, основан во 11 век.
РАВЕНА - Шармантен град кога го нарекуваат европска престолнина на мозаиците! Токму во овој град Данте Алигиери ги поминал последните години од својот живот, каде што бил погребан.
САН МАРИНО - Република Сан Марино е една од најмалите земји во Европа. Урбаниот центар на Сан Марино е заштитен со три кули на врвовите на Монте Титано ...
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 ЕВРА
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- 2 ноќевања со појадок во Римини или околината, појадок - континентален.
- Автобуски превоз на дадената релација
- Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Факултативни екскурзии:
- Задолжителен разглед на Ферара – 15 евра
- Целодневен разглед на Болоља и Равена – 35 евра
- Сан Марино – 30 евра
- СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА ЗА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 75 евра
- Задолжителна туристичка такса во Римини 2,5 еур по лице по ноќевање
- Патничко осигурување
- Влез во музеи, галерии и сл.
- Индивидуални трошоци
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место