- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ
Будимпешта ( Виена - Сент Андреа) - 2НП (23)
Термин: 08 Март
1 ден 08.03.2023 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден 09.03.2023 БУДИМПЕШТА Очекувано пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. По разгледот, ќе имате можност да крстарстарите со брод по Дунав. Сместување во хотел... Ноќевање.
3 ден 10.03.2022 БУДИМПЕШТА –ПАНДОРФ - ВИЕНА Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта.Вешерта можност за вечера со забавна програма во традиционален ресторан – ЧАРДА. Ноќевање
4 ден 11.03.2022 БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА Појадок. По појадокот факултативно заминуваме на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден 12.03.2022 СКОПЈЕ Очекувано пристигнување во Скопје во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 20.01.2023: 179 евра / 11.100 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 евра/ 12.340 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта (околина)
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 150 денари
- Разглед на Будимпешта со локален водич 15€
- Крстарење по Дунав 20€
- Посета на Сент Андреа 20€
- Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 50€
- Посета на национален ресторан – ЧАРДА 50€
- Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
- Доплата за еднокреветна соба 3.900 денари
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
- Доплата за седиште по избор 10€
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.