• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Вип Каса Клуб (90)

Вип Каса Клуб во Златибор нуди смештај во модерно опремени апартмани со 4* во 5 сместувачки објекти кои се еден до друг. ( Вила Јела, Вила Вина, Вила Пахулја, Вила Искра и Вила Харизма). Вкупниот број на апартмани со кој располага Вип Каса Клуб е 103 смештајни единици. 

 

Стандард апартман - студио со површина од 27-33м2. Се состои од една просторија во која има гарнитура која се користи како кревет за спиење, кујна, купатило и тераса. Макс. сместување 2 возрасни.

Премиум апартман - апартман со површина од 38-44м2. Се состои од една спална соба со француски лежај и дневен престој во кој се наоѓа и гарнитура која може да се користи како дополнителен кревет, кујна, купатило и тераса. Макс. сместување 3 возрасни или 2 возрасни и 2 деца до 12 години.

Лукс апартман - апартман со површина од 48 - 58м2. Се состои од две спални соби со француски лежај, дневен престој во кој се наоѓа и гарнитура која може да се користи како дополнителен кревет, кујна, купатило и тераса. Макс. сметување 4 возрасни и 1 дете до 12 години.

 

  • Во вила Јела се наоѓа Спа и Велнес Центар со следни содржини: затворен базен долг 20м. со 2 џакузи, финска и био сауна, парно купатило и теретана.
  • Во вила Вина се наоѓа Вински Клуб Casa de Vinos со ресторан. Гостите можат да ги користат пансионските услуги или А Ла Карт рестораните со дегустација на врвни вина со 20% попуст.
  • Во вила Харизма се наоѓаат салите за состанок и главната рецепција.
  • Во вила Искра се наоѓаат простории за Велнес третмани и масажи.
  • Во вила Пахулја нема дополнителни содржини освен апартмани.
  •  

    Сите 5 објекти се оддалечени еден од друг до 50м. и заедно го сочинуваат комплексот Вип Каса Клуб.

     

    Ценовик валиден во период од

    04.01.2021. до 28.12.2021.   

    Цените не се валидни за период од 12.02-16.02.2021 и 30.04-05.05.2021

    Цените се изразени по соба/апартман од ноќ.

    За резервација потребно е 50% аконтација од вкупната сума. 

     

    Во цената не е вклучено:

    Туристичка такса 1.2 евра за возрасен на ден, деца од 7 - 15 години 0.5 евра на ден.

    Користење на Спа Центарот (базен, џакузи, сауна, парно купатило) - 8 евра по лице со претходна резервација на рецепција во временски период од 2часа.

    Доплата по желба:

    Појадок - 7 евра по лице, деца од 4-12 години 3.5 евра на ден.

    Ручек - 10 евра по лице, деца од 4-12 години 5 евра на ден.

    Вечера - 10 евра по лице, деца од 4-12 5 евра на ден.

    За деца до 4 години појадок, ручек и вечера бесплатно.