• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

Будимпешта 3НП ( Виена - Сент Андреа-Естергом - Вишеград) (23)

Термин: 07 Март


1 ден  07.03.2023СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА   Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 15.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 15.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден   08.03.2023БУДИМПЕШТА  Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел...  Ноќевање.

3 ден   09.03.2023БУДИМПЕШТА –ВИЕНА  Појадок. Препорачуваме  целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Предлагаме крстарење со брод  по Дунав . Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден   10.03.2023БУДИМПЕШТА  - ЕСТЕРГОМ - ВИШЕГРАД - СЕНТ АНДРЕА   По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград - некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом - град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја - каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот  и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност  за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта .  Враќање во хотел. Ноќевање. Враќање во Будимпешта.  Враќање во хотел. Ноќевање

5 ден    11.03.2023БУДИМПЕШТА  Појадок.По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта. Поаѓање за Македонија во попладневните  часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден  12.03.2023СКОПЈЕ  Планирано пристигнување во Скопје во утринските  часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 20.01.2023:  199 / 12.340 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  219 / 13.580 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 150 денари
  • Крстарење по Дунав  20€
  • Посета на Сент Андреа, Естергом и Вишеград  30€
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF  50€
  • Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 15€

***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа, Естергом Вишеград - 110€

  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за еднокреветна соба  4.600 денари

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.