Факултативни излети:
- Посета на Марбела со автобус
- Посета на Севиља со воз
- Посета на Кордоба со воз
**Влезниците за објектите се со доплата.
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
- Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
- При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 50% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
- Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.
– Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.
– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.
– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.
– Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
– Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
– Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.
– Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.
Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.