VILA ANASTASIA 2 (14)

                                                                                                                                  
Вила "Anastasia 2" се наоѓа на околу 200m од плажа во центарот на Полихроно во мирна и слепа уличка, веднаш над малата црквичка односно позади хотел "Posedonio". Нова вила со само еден апартман на приземје и еден мазонет на I кат.
- Апартманот на приземје околу 30м2 со една спална за 4 лица (брачен кревет во спалната и две единечни легла во кујна), комплетно опремена кујна со голем фрижидер со замрзнувач, трепезариска маса во дневната, клима вклучена во цената (поставена во дневната соба), купатило, масичка со столчиња во дворот, пред влезот на апартманот со поглед напред кон улицата и влезот на вилата.
- Мезонет на I кат околу 60м2 + две тераси за 6 лица. На први кат се наоѓа голема дневна соба со трепезариска маса, голема кујна со шпорет со рерна и голем фрижидер со замрзнувач, тросед на спуштање за 2 лица, LCD-TV, клима, тоалет, балкон со масичка со столчиња. На вториот кат со внатрешни скали се наоѓаат 2 спални соби (едната спална со брачен кревет и клима, другата спална соба со 2 оделни легла), купатило со када, балкон (со поглед напред на улицата и влезот на вилата) каде што и од двете спални се излегува. 
                                                                                                               

 EARLY BOOKING 

     5% попуст за целосна уплата до 01.04.20

 

НАПОМЕНА

-  Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман / 5-то и 6-то лице во мезонет - БЕСПЛАТНО сместување;
-  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
-  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
-  Во апартман/мезонет, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни;
-  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
-  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
-  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;-  Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;-  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од вилата (на главниот пат кај вторите семафори);
-  Wi-Fi интернет и клима - БЕСПЛАТНО!!
 -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
                                                                                    

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

-  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
-  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
-  Доплата за туристичка такса - 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
-  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
-  Доплата за патничко осигурување.