• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA NIKITI BEJ "A" (64, 37)

(74), (24)

Никити Беј Апартмани е изградена 2014год. a сите соби се со нов мебел од 2019год. Вилата е лоцирана во живописното приморско гратче Никити, бисерот на Ситонија, на 250м од плажа, во мирниот дел на градот. Од центарот е оддалечена 500м каде секој ќе најде бројни содржини за сечиј вкус продавнички, таверни и кафулиња. Објектот располага со 18 сместувачки единици – студија, распоредени на прв и втор кат од кои дел се трокреветни, а дел четворокреветни. Секое од студијата е опремено со мини кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ, клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно) и голема дворна неорганизирана површина. За гостите кои патуваат со свое возило, вилата располага со свој приватен паркинг. Заради монденскиот карактер на самото гратче Никити, како и непосредната близина на некои од најубавите плажи на Халкидики, вилата е погоден избор како за фамилијарен одмор, така и за парови, млади и секаков тип на гости.


Локација/ Кординати: 40.222406, 23.660917


Early Booking:

-20% за резервации со комплетни уплати до 31.01.2020
-15% за резервации со комплетни уплати до 31.03.2020

-10% за резервации со комплетни уплати до 30.04.2020

 

 

Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

– Цените кои не се означени со (*) се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување плаќаат само превоз; За користење на сопствен превоз се намалува - 10ЕУР од лице.

- Цените означени со (*) за 7 ноќи/8 дена, се дадени за наем на студио без вклучен превоз;

- Πрвита и последните две смени се ПРОМО и не важат EARLY BOOKING попустот

 

НАПОМЕНИ:

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

– Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);

– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;

– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;

– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата.

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

*** Чекирањето на гостите е во Хотелот Торонеос на рецепција, оттаму се добиваат клучевите од собите за во Вила Никити Беј.

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;

– Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

– Доплата за патничко осигурување – 198мкд / 794мкд за лица над 65 год.

 

ГОСТИТЕ СЕ ЧЕКИРААТ ВО ХОТЕЛОТ ТОРОНЕОС НА РЕЦЕПЦИЈА, ТАМУ ГИ ДОБИВААТ И КЛУЧЕВИТЕ ОД СОБИТЕ ВО ВИЛА НИКИТИ БЕЈ