• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA ANASTASIA LUX (14)

 

Вила "Anastasia Lux" се наоѓа на 100m од плажа во центарот на Полихроно веднаш наспроти хотел "Posedonio". Располага со комплетно нови, луксузно опремени и комфортни 1/3+1 студија за 4 лица (едно дупло легло и едно единечно легло од кое се извлекува уште едно и доаѓа на исто ниво). Сите студија се опремени со тоалет, кујна, тераса со поглед кон улицата, ТВ, клима - вклучена во цената. Во склоп на вилата има паркинг за гостите на вилата кој можат да го користат бесплатно, доколку има слободни места. 

 

 EARLY BOOKING 

    5% попуст за целосна уплата до 01.04.20

 

НАПОМЕНА

-  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице - БЕСПЛАТНО сместување;

-  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;

-  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

-  Во термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;

-  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни;

-  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

-  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

-  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

-  Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;

-  Автобусот ги остава/зема патниците на 300m од вилата (на главниот пат);

-  Wi-Fi интернет и клима - БЕСПЛАТНО!!

 -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

-  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;

-  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);

-  Доплата за туристичка такса - 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

-  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);

-  Доплата за патничко осигурување.