• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ЦЕНОВНИК - ХУРГАДА (22)

ПРОМОТИВНИ ПАКЕТ ЦЕНИ до 31.01.2020
Авиобилет + аеродромски такси + 6 ноќи / 7 дена + трансфери.
  Име на хотел Цени од
1 Mina Mark 4* 393 €
2 Harmony Makadi Bay 4* 396 €
3 Sphinx Resort And Aqua Park 4* 398 €
4 King Tut 4* 399 €
5 Regina Swiss INN Resort 4 * 405 €
6 Coral Beach Resort  4* 407 €
7 Le Pacha 4* 413 €
8 Royal Star Beach (EX.Three Corner Royal Star) 4* 415 €
9 Sindbad Club 4* 428 €
10 Shams Safaga 4* 424 €
11 Seagull Hurghada Resort 4* 430 €
12 Three Corners Sunny Beach 4* 433 €
13 Aladdin Beach Resort 4* 447 €
14 Sea Star Beau Rivage 5* 470 €
15 Caves Beach Resort 5* 467 €
16 Ali Baba Palace 4* 466 €
17 Pyramisa Beach Resort Sahl Hasheesh 5* 477 €
18 Jasmine Palace Resort 5* 487 €
19 Sunrise Meraki Hotel 4* 494 €
20 Sentido Mamlouk Palace 5 * 494 €
21 Sunrise Select Garden Beach 5* 494 €
22 Aqua Joy Resort 4* 502 €
23 Serenity Fun City 5* 502 €
24 Desert Rose 5* 512 €
25 Serenity Makadi Beach Resort 5* 512 €
26 Tropitel Sahl Hashesh  5*   568 €
27 Continental Hotel Hurghada 5* 600 €
28 Marriott Hurghada Beach Resort 5* 633 €
29 Palm Royal Soma Bay 5* 668 €
30 Steigenberger Al Dau Beach 5* 689 €
31 Premier Le Reve Sahl Hashish 5* 763 €
32 Steigenberger Makadi  5*   (16+) 805 €
Цените се дадени по лице и истите вклучуваат:
6 ноќевања на услуга All inclusive
Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Хургада - Скопје (директен лет)
Аеродромски такси во висина од 80 еур по лице (25 еур за деца до 1.99 г)
Дозволени 20 кг чекиран багаж по лице
Трансфер  аеродром - хотел - аеродром
Организација на аранжманот
Преставник од локалната партнер агенција
Цената не вклучува:
Египетска влезна виза - за патници со македонски пасоши се добива на аеродром при пристигнување во Хургада. Потребно е да имате пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на Вашиот престој во Хургада и хотелска резервација. Цената на визата е 1.450 мкд и истата се плаќа при резервација
Пансионски услуги во хотелот после одјавување на собите 
Патничко осигурување
Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци.
Хотелски услуги после одјавување на собите (хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
 
Сите цени се израсени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
ВАЖНА НАПОМЕНА:        
За патување во Египет потребно е да имате пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на Вашиот престој во Хургада и хотелска резервација.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 7 дена - 6 ноќевања
1 ден | Скопје - Хургада
Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Хургада. Слетување во Хургада во раните утрински часови. Средба со претставниците на агенцијата, асистенција за вадење на виза и трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот). Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање
2 - 6 ден | Хургада
Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција.
Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)
7 ден |Хургада - Скопје
Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови. Точното време на превземање од хотелот ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови наредниот ден
ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст. Целосната доплата на аранжманот е до 14 дена пред денот на поаѓање.
Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
Не придржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства.
ОПШТИ НАПОМЕНИ и ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното време на полетување. Сите времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат.
Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. 
Визи - патниците кои не се македонски државјани се должни сами да се информираат за визниот режим за Египет / Хургада.
На чартер летот за Шарм ел Шеик е дозволен еден багаж од 20кг по лице (платежен авио билет). Во случај на надминување на дозволените килограми за багаж организаторот нема одговорност доколку авио компанијата одлучи да му наплати на патникот за надминатите килограми.
Во рачен багаж не е дозволено да се носат остри предмети и течности кои надминуваат 50ml, гелови, спреј или пена.
ИЗГУБЕН БАГАЖ: Ако вашиот багаж е изгубен или оштетен, по пристигнувањето на аеродромот, информирајте го агентот на авио компанијата и локалниот претставник на партнер агенцијата на аеродром за да Ви помогнат да ги пополните потребните формулари. За обештетување во случај на оштетен или целосно изгубен багаж е надлежна авио компанијата.
ТРАНСФЕРИ ОД / ДО АЕРОДРОМ: по пристигнување на аеродромот ќе ве пречека претставник на партнер агенцијата и ќе ве упати до автобусот (минибус, такси) за превоз до резервираниот хотел. Обврска на патникот е да се грижи за својот багаж да биде внесен во превозното срество за трансфер.
Времето на враќање од хотел ќе биде навремено истакнато во Вашиот хотел. Ако оваа информација не е истакната Ве молиме да го контактирате претставникот на локалната партнер агенција. Ве молиме да бидете на рецепција во хотел 15 минути пред закажаното време за трансфер. Пред тоа треба да го предадете клучот од собата и доколку имате клуч од сеф, проверете ги патните документи и платете ги Вашите сметки.
ЦЕНА ЗА ДЕЦА: Цената за деца е валидна само при сместување со две полноплатежни лица.
• Дете до 2 години. Бесплатно. Детето на оваа возраст нема седиште во авион или кревет во хотел.
• Детето кое има бесплатно сместување плаќа само износот на авионската карта и трансфер и има седиште во авионот, трансферот, но е можно да нема сопствен кревет.
• Детето кое има попуст ги има сите услуги од програмата, но наместо редовно легло има дополнително легло.
ЗАБЕЛЕШКА: При правењето на резервација задолжително е да се наведе датумот на раѓање на детето кое патува. Хотелот го задржува правото на лице место да наплати трошоци кои произлегуваат од неточно дадени податоци на патниците.
Патниците не можат да бараат намалување на цената за оброк што не можат да го искористат во случај на рани утрински или доцни вечерни летови, како и за неискористени оброци при пријавување на екскурзии. На рецепција во хотел може да е информирате дали постои можност да ви бидат подготвени ланч пакети во денови кога ќе бидете на екскурзија.
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност.
Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.
Распределба на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.  Сите Ваши дополнителни барања и желби ќе бидат испратени до партнерите, но агенцијата не го гарантира исполнувањето на истите.
Дополнителни легла: тие се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети и се на расклопување од метална или дрвена конструкција или фотељи на отварање што може да влијае на комодитетот во Вашата соба. 
Кога во соба се сместуваат три возрасни лица, во најголем број случаи третото легло е дополнително
Сместување во хотел: За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот од локалната партнер агенција. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, и најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.   Ако сакате да ја задржите собата подолго потребно е да се информирате на рецепција дали постои таква можност и исто така плаќањето за оваа услуга се прави дирекно во хотел.
All inclusive - Се вклучено: Ве молиме во агенцијата да побарате информации за деталниот концепт на услугата се вклучено на Вашиот избран хотел.
Постои можност  некои од содржините на хотелот во одреден момент да не се функционални поради објективни причини за што организаторот на патувањето нема одговорност. Во хотелите кои служат храна на принцип шведска маса постои можност поради недовоен број гости, услугата да се врши на основа на мени, кое не се смета за промена на аранжманот.
КЛИМА УРЕД: Функционирањето на клима уредот во хотелот зависи од сезоната и од деловната политика на хотелот. 
ПАТНИ ДОКУМЕНТИ: Авионските билети, ваучерите и информативно писмо ќе Ви бидат дадени до 24 часа пред полеување од страна на Вашиот продажен агент. По превземањето на билетите мора да наравите чекирање на шалтерот на авио превозникот, предавање на багаж и пасошка контрола.
Планирајте го времето за патување до аеродром, поради можни сообраќајни метежи, работи на пат и слично. Агенцијата нема да биде одговорна доколку патникот не стигнал навреме на аеродром за да се пријави на летот. Во овој случај се применуваат правилата за отказ на ОПШТИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ - како да сте се откажале од патувањето на самиот ден на патување при што пеналите се 100%.
Организаторот на патување не е овластен да ја проценува важноста на патните и други документи. Ве молиме проверете ги Вашите патни документи дали имаат важност најмалку 6 месеци од последниот датум на Вашиот престој, односно датумот на враќање назад во Македонија.
Ве молиме информирајте се во агенцијата за деталите на патничко осигурување.
ПРЕДСТАВНИК ОД ЛОКАЛНАТА ПАРТНЕР АГЕНЦИЈА: Представниците зборуваат на англиски јазик и тие се должни да ги пречекаат и испратат патниците во Шарм ел Шеик и да ги посетат во одредени денови за давање на дополнителни информации за факултативни излети или евентуална помош која им е потребна на патниците (усугите на претставникот не подразбираат целодневно или секојдневно доаѓање во Вашиот хотел).
Во случај на несоодветно сместување или било каков друг проблем Ве молиме да го известите представникот на првиот инфо состанок или по телефон веднаш по настанувањето на проблемот. Напоменуваме дека поплаки за кои агенцијата ќе дознае последниот ден од престојот или после враќање од патувањето нема да бидат разглдувани.
Ве молиме во случај на било каква инцидентна ситуација (кражба, сообраќајна несреќа и слично) да се обратите до надлежните органи во Шарм ел Шеик. Организаторот на патувањето со својата партнер агенција единствено може да Ви помогне како посредник помеѓу Вас и надлежните органи.
ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Пријавувањето и плаќањето на истите се врши на лице место.
ОСТАНАТИ ЗАБЕЛЕШКИ
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети. 
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата. 
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето. 
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.