• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

КСАМИЛ - 3 ноќи (65)

Ксамил е скриен скапоцен камен, кој се наоѓа на албанската ривиера. Во Ксамил, можете да уживате во рајските плажи кои нудат бел песок и кристално чиста вода со медитеранска клима во текот на целата година.

Ксамил е првенствено познат по своите убави песочни плажи и кристално чисти води. Особено на четирите острови лоцирани недалеку од крајбрежјето. Овие четири острови се ненаселени и до нив доаѓате со брод. Во селото живеат околу 4000-5000 луѓе и туризмот се зголемува со секоја измината година. 
Селото, исто така, го има задржано шармот до одреден степен и има многу пријатни мали ресторани со домашна кујна.
Програма

1 ден - петок (20.05.2022)
    Состанок на групата на Дрводекор во 21:30 часот, поаѓање во 22:00.
    Ноќно возење преку граничниот премин Ќафасан со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден - сабота(21.05.2022)
    Пристигнување во Албанија во утринските часови. Сместување во вилите. Време за уживање и релаксација на некоја од прекрасните, егзотични плажи во Ксамил. Оваа дестинација нуди величествено тиркизно море, безброј ресторани покрај самите плажи каде што имате можност да уживате во свежа морска храна како и воодушевувачки зајдисонца. Слободно индивидуално време. Ноќевање.

3 ден - недела (22.05.2022)
    Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Саранда и Езерото Сино Око. Некогаш резервирано исклучиво за жителите на Албанија, езерото Сино око или на албански јазик, "Syri i kaltër", денес со својата убавина ги маѓепсува сите бројни љубители на природните убавини. Синото око е всушност најголемиот извор во Албанија, а станува збор за дупка во која што се сретнуваат подземните води и низ истата избиваат на површината. Струењето на водата е премногу силно и затоа никој никогаш не се нурнал во дупката, па затоа и се уште не е измерена официјалната длабочина на езерото. Додека одредени научници велат дека неговата длабочина изнесува 45 метри, други тврдат дека истото достигнува длабочина и од 80 метри. Овој природен феномен се наоѓа на западните падини на планините Мали и Гјере, во близина на патот до градот Саранда. Иако пливањето и нуркањето во Синото око е дозволено, поради водата чија што просечна температура изнесува 10 степени Целзиусови, во изворот пливаат само оние најхрабрите. По посетата на Сино Око, се упатуваме кон Саранда. Саранда е одморалиште на албанската ривиера, во јужна Албанија. Сместен покрај Јонското море и ридови со маслинови градини, градот се наоѓа во залив во форма на потковица, со плажи и шеталиште. Во центарот се наоѓаат археолошките остатоци од синагогата од 5 век, подоцна ранохристијанска базилика. Сè уште се видливи сложени подни мозаици. Замокот Лекурести од 16 век е на еден рид над градот. Саранда е медитеранска дестинација, со пет месеци топло време и избор на плажи слични на соништата распослани по нејзиниот брег. Типична сцена околу Саранда е залив со камчиња, тиркизни води, варовнички ридови и пејсажи полни со маслинови дрвја. Слободно индивидуално време. Враќање во вилата и ноќевање.

4 ден - понеделник (23.05.2022)
    Слободно индивидуално време за капење и сончање, дегустација на вкусна морска храна во некој од локалните ресторани, одмор и релаксација. Ноќевање.

5 ден - вторник (24.05.2022)
    Одјавување од собите во утринските часови. Време предвидено за индивидуална прошетка, шопинг. Во договорено време, поаѓање кон Македонија. Предвидено време за пристигнување околу полноќ.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 69 ЕВРА (4278 ДЕНАРИ)

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- 3 ноќевања во Ксамил (апартманско сместување)
- Организација и реализација на патувањето
- Лиценциран туристички водич


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Туристичка такса (1,10 евро по лице по ноќевање).
- Патничко осигурување
- Факултативна посета на Саранда и Езерото Сино Око - 10 евра по лице

 

 Напомена:
- За сингл соба се доплаќа 30 евра по лице
- Во случај, двајца возрасни и дете (2-11.99 год.), за детето се плаќа 45 евра
- Во случај, еден возрасен и едно дете (2-11.99 год.), за детето се плаќа целосната сума
- Во случај, еден возрасен и две деца (2-11,99), за едно дете се плаќа полна сума, а за второто 45 евра
- Се патува со лична карта или пасош 
- За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 20 патници
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

За влез во Албанија не е потребен PCR тест.