Локација: Вила Zanet Palace се наоѓа на главниот пат низ Неа Врасна во близина на големите супермаркети. Од плажата е оддалечена 300 m, а од центарот на градот 150 m.
Содржина на вилата: Во нашата понуда располагаме со трокреветни, четирикреветни и петкреветни студија, како и петкреветни апартмани. Самиот комплекс располага со рецепција, надворешен базен за деца и возрасни, лежалки и чадори покрај базенот чие користење е бесплатно за гостите, а има и обезбеден паркинг простор. Вилата располага со простран двор со детски парк, туш во дворот и простор за складирање на багаж последниот ден, WiFi (слаб проток), како и паркинг простор. Идеален семеен комплекс, во кој подеднакво безгрижно уживаат и возрасните и децата.
Соби: Сите студија и апартмани имаат опремена мини кујна (фрижидер, мини електричен шпорет, садови) за приготвување на лесни оброци, бања, LCD телевизор, тераса, клима уред, чија употреба е вклучена во цената. Четирикреветните студија и петкреветните апартмани се реновирани и се наоѓаат на приземје. Трокреветните и петкреветните студија не се реновирани. Апартманите се состојат од посебна спална соба со брачен кревет и еден единечен, како и кујна со софа кревет погодна за двајца возрасни. Вилата има крпи кои се менуваат на секои пет дена, кога се менува постелнината, додека чистењето е на денот на смената.
Аранжмани на 10 ноќевања
Vila | Tip | 26.05 | 05.06 | 15.06 | 25.06 | 05.07 | 15.07 | 25.07 | 04.08 | 14.08 | 24.08 | 03.09 | 13.09 | 23.09 |
Vila
Zanet Palace -bazen- TV, AC |
1/2 Std | 85* | 135* | 175* | 385 | 505 | 575 | 605 | 605 | 605 | 475 | 190* | 165* | 105* |
1/3 Std | 75* | 110* | 160* | 395 | 515 | 585 | 615 | 615 | 615 | 485 | 150* | 140* | 95* | |
1/4 Std | 70* | 100* | 135* | 495 | 565 | 655 | 675 | 675 | 675 | 535 | 135* | 115* | 90* | |
1/5 Std | 65* | 95* | 130* | 515 | 595 | 685 | 705 | 705 | 705 | 565 | 125* | 105* | 85* | |
1/4 App | 85* | 120* | 150* | 535 | 615 | 705 | 735 | 735 | 735 | 585 | 155* | 135* | 100* | |
1/5 App | 80* | 105* | 135* | 575 | 655 | 755 | 785 | 785 | 785 | 615 | 140* | 125* | 95* | |
Употреба на клима | Free | Free | Free | Free | Free | Free | Free | Free | Free | Free | Free | Free | Free |
- 1/2std - Двокреветно Студио
- 1/3std - Трокреветно Студио
- 1/4 Std - Четерокреветно Студио
- 1/4 app - Четерокреветен Апартман
- 1/5 Std - Петерокреветно Студио
- 1/5 App - Петерокреветен Апартман
- Free - Безплатна употреба на клима
– Продадените студија/апартмани се означени со црвено
Сезонски услови
за деца до 10 години:
– едно дете, до 10 години, во кревет со родители – бесплатно. Две деца се третираат како еден возрасен.
Вонсезонски смени со *
Услови за деца до 10 години и доплати за дополнителни кревети (попустите важат само кога веќе има две лица кои целосно плаќаат):
– Децата плаќаат 70% од цената на аранжманот, имаат сопствен кревет и седиште во автобус.
– лице на дополнително легло плаќа 70% од цената на аранжманот, има дополнителен кревет и седиште во автобус.
Доколку имате потреба од креветче, при резервација на аранжманот потребно е да се нагласи во агенцијата за да може да се обезбеди со доплата по цена од 2 еур/ден.
Услови за неискористени кревети во сместувачки единици:
– кревети кои не се користат и се во собата се доплаќаат 70% од цената на пакетот
- Во студијата или апартманите се влегува првиот ден од престојот во 15:30 часот (по локално време), а студијата и апартманите се напуштаат последниот ден од престојот најкасно до 09:00 часот (по локално време). Патниците влегуваат во исчистени и сподготвени сместувачки единици, но за време на престојот се должни да се грижат за нивната хигиена. Сите апартмани и студија имаат основен кујнски прибор и опрема, но не и тоалетна хартија и средства за хигиена. Не е можно да се избере кат, поглед или број на соба, освен ако не е поинаку наведено во програмата.
- Во случај на недоволен број пријавени патници, агенцијата го задржува правото да откаже или организира одредени поаѓања во соработка со друга агенција. Минималниот број на патници за организација на аранжманот е 30. Во случај на откажување, минималниот рок е 15 дена пред почетокот на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да ги продаде своите слободни капацитети преку понудите LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Странките кои го платиле аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надоместок за разликата во цената