ЛИМЕНАРИЈА
VILA ANASTASIJA (6)
Објект сместен на сама плажа, на 20 метри од хотел Агали, на место од каде со кратка прошетка се стигнува до плажите Металиа и Трипити. Во својот склоп има двоспални и троспални апартмани за 4, 5 и 6 лица, кои имаат комплетно опремена кујна во одделна просторија, тоалет, балкони со директен поглед на море, ТВ, Wi-Fi и клима уред, како и двокреветни и трокреветни студија со комплетно опремена мини кујна, толает, ТВ, Wi-Fi и клима уред.
ТЕРМИН : |
1/2 стд |
1/3 стд |
1/4 апт. |
1/5-1/6 апт. |
15.06 - 30.06 |
47 € |
52 € |
76 € |
85 € |
01.07 - 31.07 |
55 € |
60 € |
80 € |
90 € |
01.08 - 31.08 |
60 € |
65 € |
90 € |
100 € |
31.08 - 30.09 |
47 € |
52 € |
76 € |
85 € |
Цени:
- Се дадени по студио, од ноќ, за минимум 5 ноќевања. Терминот и бројот на ноќи е по избор.
- Во студијата/апартманите дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Дозволено е бесплатно сместување на дете до 4 години.
- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот. Користењето на клима уред е со доплата од 5€ на ден
Напомена:
- Дадената понуда е на барање. За потврда на резервација од страна на сместувачките капацитети потребно е време од 24 - 48 часа.
- За резервација потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат најдоцна 7 дена пред поаѓање.
- За дадената понуда може да се користат COVID-19 ваучери издадени во 2020 година
- За сите нови резервации, во случај да не може да се организира патувањето поради виша сила, агенцијата гарантира рефундација на уплатените средства
- Во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот, дозволена е промена на патници, доколку патникот најде замена, во било кој временски период до поаѓање.
- Задолжително е здравствено и патничко осигурување и е одговорност на патникот да го набави во туристичка агенција или осигурителна компанија
- Патниците се одговорни за валидноста на нивните документи за влез во Грција, освен ако истите се во организација на агенцијата (PCR тест и PLF формулар).
- Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и за бројот на искористени денови за престој во ЕУ (максимум 90 дена во временски период од 180 дена).
- Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода и притисок на вода, кои зависат од инфраструкутрата на дестинацијата.
- Со потпишувањето на договорот за патување, патникот потврдува дека е свесен за ризиците кои може да произлезат од патување во време на пандемија и дека за истите агенцијата не сноси никаква одговорност
Куќен ред:
- Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 14:00 часот
- Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.
- При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.
- Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.
- Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.
- Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.