КРАКОВ l 3НП - 179€ (34)

Краков – бил престолнина на Полска повеќе од 500 години, а денес е еден од најголемите градови во Полска. Град полн со енергија, младост и еден од најголемите Универзитетски центри во Европа. Краков како и овој дел од Полска се смета за Срцето на Полска затоа што е богата со културно - историско наследство. Непроменет за време на II Светска Војна, стариот дел на градот е преполн со цркви и музеи, со доминантниот кралски дворец Wawel кој потсетува на славните денови на полските кралеви со векови. Краков е првиот град во Светот кој историоскиот центар е ставен на листата на UNESCO - светско наследство. Покрај многуте места во градот кој ги препорачуваме да се посетат се и рудникот за сол Wielichka на 15 км од Краков, како и фамозниот концентрационен логор Auachwitz и Birkenau кој се на само 60 км од Краков. Овој шармантен град Ве очекува.

1. Ден / 06.12.2024 Скопје – Краков
Состанок на групата во 11.30часот на С.Ц. Борис Трајковски. Поаѓање за Полска во 12.00часот. Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден / 07.12.2024 – Краков
Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Се упатуваме на запознавање на градот со придружба на водич (Ридот Вавел со кралскиот дворец и катедралата, стариот град Ринексо камбаната – еден од најголемите во Европа, црква Св. Марија позната по својот олтар и по огласувањето на трубите на секој час, Флориантската улица од 14-15 век која завршува со Флориантската капија. . Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Пристигнување во Краков, сместување и запознавање на градот
3. Ден / 08.12.2024 - Краков - Краков - Аушвиц (факултатива)
Појадок, по појадокот следува факултативен излет до Аушвиц-Беркенау, озлогласениот нацистички концентрационен логор кој е претворен во спомен музеј. Од 1979год е под заштита на УНЕСКО. Овде се посетува главната порта и дрвените бараки во кои биле затварани и сместувани Евреите. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални актиивности. Ноќевање
Факултативен излет до Аушвиц-Беркенау, озлогласениот нацистички концентрационен логор.
4. Ден / 09.12.2024 Рудник на Солта - Враќање кон Македонија
Појадок. Можност за факултативна посета на 700 години стариот рудник на солта Велицка. Се спушта со лифт во длабочина од 100м и се разгледува преубавото подземно езеро, кралската капела на правена од сол и концертната сала. Слободно време за индивидуални актиивности. Потоа следи враќање кон Македонија со попатни паузи и царински формалности.
Факултативен излет до Рудникот на солта. Потоа следи враќање кон Македонија со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови .
Напомена

Во цената се вклучени следниве услуги:

Превоз со високо туристички автобус

✅2 ноќевања со појадок во хотел 3* ✅Организиран разглед на Краков со локален стручен водич ✅Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

– Факултативна посета на Аушвиц

– Факултативна посета на Величка

– Влезници за посета на музеи и галерии

– Патничко и здравствено осигурување

Важна напомена:

– Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62мкд)

– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (виза не е потребна). Важност на пасошот мин.90 дена од денот на враќањето

– Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување

– За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

 

Факултативни Излети - Излетите не се вклучени во цената аранжманот.