• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ШУМАДИЈА – ЧАЧАК-ОВЧАР-КАБЛАР БАЊА-КРАГУЈЕВАЦ (5)

Шумадија –со многу планини,реки, шуми–по што и го добива името, а Шума- динците и Шумадијките се посебно талентирани,шармантни и спонтани луѓе.

 

   21.05.22 Поаѓање во 5 ч. од Прилеп. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни паузи.Пристигнување во срцето на Шумадија-Чачак,кој се одликува со добро сочувана архитектура,бројни историско-верски локалитети, бројни спортски и културни манифестации,град на кафани и чачанска шливовица, сместен на реката Западна Морава, опколен со планините Јелица,Каблар,Овчар и Вујан.Сместување во хотел. Разгледување на знаменитостите на градот со локален водич,и тоа:Конак на Јован Обренович од1835г.,во кој се најдува и народниот музеј;споменикот на 4 вери(спомен костурница)-каде се погребани сите борци(и агресори и бранители) од 1-та св.војна од 1912-1918г.,Галеријата “Надежда Петрович”,Чачанскиот кеј на реката Западна Морава-опкружен со бројни кафичи, ресторани и сплавови…Ноќевање.  

  22.05.22 Појадок. Факултативен излет до најубавиот дел на Шумадија, Овчарско- Кабларската клисура(кралица на клисурите),долга 20км,на реката Западна Морава,која го пресекла патот помеѓу Овчар и Каблар бања,што е геоморфолошки куриозитет, опкружена со 10 манастири,познати како “Српска Света Гора”.Сите манастири се од големо културно-историско значење, кои претежно настанале за време на Турското владеење.Најзначајни се св.Тројца, св.Благовештение-со посета, св.Никола-со посета и Сретење.Овие манастири се заштитени како споменици на културата од посебна важност. Слободно време за ручек. На реката З.Морава се најдува најголемото Езеро-Меѓувршје, кое изобилува со својата убавина, чистота и чаробност го одзема   долго 11км,каде на туристите им се достапни ресторани-сплавови со вкусна храна.Факултативно крстарење со брод-Катамаран по реката Западна Морава т.е. Овчарско-Кабларската клисура =8еур.Враќање во Чачак.Организирана вечера во ресторан. Ноќевање.                                                                             

  23.05.22 Појадок.Поаѓање за Крагуевац-градот на рокен-ролот,седиштето на Шумадискиот округ,чие име потекнува по птицата Крагуј (врста Јастреб).Од 1818-1841г. е престолнина на Кнежевството Србија,на чело со кнез Милош Обренович, кој владеел апсолутистички, а 1820г. во Крагујевац доаѓа Вук Караџич за да го научи кнезот да чита и пишува.За време на 2-та св.војна од Фашистите, во Крагуевац се стрелани 3000 граѓани.Потоа Разгледување на културно историските знаменитости на Крагујевац со локален водич:Музејот Ливница кој е во склоп на фабриката за оружје, Милошевиот венец, Старата црква од 1818г.-чиј основач е Милош Обренович, Градското собрание,Првата Српска Гимназија,Театарот,посета на Спомен паркот Шумарица(влез=150динари).По завршување на разгледот време за ручек во познатата Печењара БИБЛИОТЕКА (Куд Милутина).Посета на Т.Шопинг центар.Доцна попладнето се тргнува за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови или раните утрински часови на 24.05.2022г.


       РЕДОВНА ЦЕНА: 6200 денари

     Попуст од 10% = 5600 денари

 

Во цената е пресметано:

– автобуски превоз на дадената релација

– сместување во хотел во Чачак со 3 * на база 2 ноќевања со појадок

– разгледување на Чачак и Крагуевац со локален водич

– лиценциран придружник на патувањето.

 

Во цената не е пресметано: 

-патничко здравствено осигурување – 150 ден 

– целодневен излет до Овчар и Каблар бања со локален водич – 10 евра

-Факултативно крстарење со брод-Катамаран по реката Западна Морава, во прекрасна природа на Овчарско-Кабларската клисура= 8 еур

– организирана вечера во ресторан во Чачак-

– ручек во познатата Печењара БИБЛИОТЕКА (Куд Милутина)

– влезници за посети и други неспоменати услуги    

                                                                                                                            

Напомена: Патувањето може да биди со лични карти или пасош.

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.                                                       

Рок на пријавување до 15.05.2022