DOCTOR’S HOUSE-10 ноќи/сопствен превоз (53)

Куќата се наоѓа во мирниот дел на Ханиоти, во близина на хотелот Calypso, оддалечена од плажа околу 300 m, а од центар 200 м. Сместена во мирниот дел на Ханиоти, a релативно блиску до центарот. Поради тоа ја препорачуваме на гостите кои сакаат да избегнат гужва, a сепак да им е се на дофат (пекарници, месарници, супер-маркети, ресторани,  сендвичари, продавници). Една е од ретките куќи во Ханиоти во слично опкружување, со уреден двор, тревник, зеленило и цвеќе. Погодна за семејства. Секој апартман има одделена спална соба, дневна соба со опремена кујна, купатило, балкон, клима уред, LCD TV.   Ја препорачуваме на патниците кои сакаат обезбеден паркинг во дворот, (паркингот е со доплата, 5еур на ден и потребна е резервација за истиот).

 
 

 
 

Таксата за престој во приватно смесување во Грција во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот).

За валидна резервација без попуст е потребна уплата од мин. 40% од вкупната сума во денарска противвредност по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.