Altina House се наоѓа во Василики, на само 30-тина метри (се поминува патот) од познатата песочна плажа Понти. Најблиската пекарница и маркет се на околу 100 m од куќата, а во непосредна близина се и неколку таверни. Центарот на местото е околу 1 km. Куќата ја чинат 2 згради. Во горната, каде што се наоѓаат студијата од понудата, има пристап од горната страна на патот и паркингот или од долната страна која е поблиска до плажата и до која водат 40 скали. Располага со двокреветни и трикреветни студија који се наоѓаат во приземје и на прв кат. Сите имаат поглед на море, директен (студијата на кат) или делумен (студијата во приземје имаат делумен поглед на море поради околната вегетација). Поради теренот, специфична е катноста на студијата. Секоја сместувачка единица поседува основно опремена кујна (садови, фрижидер, мини шпорет со 2 рингли и рерна, основен прибор), купатило со фен, балкон или дел со гарнитура за седење, LCD TV и клима уред чие користење е вклучено во цената. Замена на постелнина и пешкири е 2 пати во текот на смената. Објектот е покриен со бежичен интернет, но за брзината на протокот не можеме да гарантираме. Куќата поседува сопствен паркинг, пред самата куќа, но е за ограничен број на возила. Доколку тука нема место, на околу 200 m оддалеченост постои бесплатен приватен паркинг кој го користат само гостите на објектот Алтина. Бебешко креветче е исто така достапно, на барање.
Местото е помирно од Нидри и Лефкас, но поради позиција е доста барано, особено откога е во јануари 2020та година пробиен патот кон прочуената плажа Порто Кацики. Со тоа патот до истата е скратен на само 14 km. Со тоа и останати познати плажи на западниот брег се достапни. Од Василики имате можност да ги посетите соседните острови Итака и Кефалонија до кои се организираат еднодневни бродски тури. Комбинација на мирно летувалиште, добро сместување и одлична појдовна точка за обиколка на островот се чини дека е прав избор за ова лето.