ELENA HOUSE-10 ноќи/сопствен превоз (53)

Elena се наоѓа во мирниот дел на Пефкохори на околу 60 метри од најубавиот и најширокиот дел од плажата. Вилата има пространи двокреветни и трокреветни студија и четирикреветни апартмани, кои се наоѓаат на високо приземје и на последниот кат. Секое студио има 2 или 3 кревети или француски и стандарден кревет, наткасна со лампа, основно опремена кујна со фрижидер, решо со 2 рингли, садови и прибор сразмерно со бројот на кревети, купатило со туш кабина, тераса со гарнитура за седење, сеф, TV и клима уред, чие користење се доплаќа 5€ на ден. Менување на постелнина е еднаш во текот на престојот.

 

 

плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч

По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може

за хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови…)

промени на веќе потврдена резервација во ист објект и ист термин се наплаќаат 15 еур

промена на датумот на патување и/или промена на куќата се пресметува како отказ од патување

ТРОШОЦИ ЗА ОТКАЗ ОД ПАТУВАЊЕ

 40 ЕУР фиксен манипулативен трошок ако патувањето се откаже над 150 дена пред почетокот на патување,

10% ако патувањето се откаже од 150 до 45 дена пред почетокот на патување,

15 % ако патувањето се откаже од 44 до 30 дена пред почетокот на патување,

30 % ако патувањето се откаже од 29 до 20 дена пред почетокот на патување,

40 % ако патувањето се откаже од 19 до 15 дена пред почетокот на патување,

80 % ако патувањето се откаже од 14 до 10 дена пред почетокот на патување,

90 % ако патувањето се откаже од 9 до 6 дена пред почетокот на патување,

100 % ако патувањето се откаже од 5 до 0 дена пред почетокот на патување или во текот на патувањето

ЗА ВАЛИДНА РЕЗЕРВАЦИЈА БЕЗ ПОПУСТ Е ПОТРЕБНА УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА, ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ПО КУРС 1 ЕУР=62 ДЕН. ОСТАНАТИОТ ДЕЛ СЕ ДОПЛАЌА НАЈДОЦНА МЕСЕЦ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.