• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ДРАЧ - ТИРАНА (28)

БЕРАТ-АРДЕНИЦА-ДРАЧ-КРУЈА-СКАДАР-ТИРАНА

 

ПРОГРАМА на патувањето

1.ДЕН (10.10.2020 – сабота) : БИТОЛА 

Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 2.30 часот. Поаѓање за Албанија во 03.00 часот. Патот води преку Струга, г.п.Ќафасан, Елбасан...Пристигнување во Берат - наречен “Градот на илјада прозорци" поради големите прозорци кои ги красат куќите. Град со прекраснo испреплетена архитектура со христијански и муслимански карактеристики, многу религиозни објекти. Посета на тврдината и на музејот на Онуфри. Во договорено време поаѓање кон Арденица и манастирот Раѓање на Пресвета Богородица (XIII век), а потоа продолжување на патот кон Драч. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.


2.ДЕН (11.10.2020 – недела) : ДРАЧ – КРУЈА – СКАДАР

Појадок. Слободно време, или Ви нудиме целодневен излет до Скадар и Круја со стручен водич...пристигнување во Круја – родниот град на Скендербег околу 10.30 часот...посета на тврдината, стариот град...можност за посета на Националниот и Етнографскиот музеј. Поаѓање за Скадар, околу 13.00 часот (1 час возење). Прошетка низ центарот на градот – слободно време за индивидуален разглед на градот или ручек (факултативно) во некој Национален ресторан. Враќање во Драч околу 17.30 часот. Ноќевање.


3.ДЕН (12.10.2020 – понеделник) : ДРАЧ – ТИРАНА

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Заминување за Тирана, следи панорамски разглед на градот...плоштадот Скендербег, Операта, Етем беј – џамијата, Националната библиотека, Саат-кулата (симболот на градот), Националниот Историски музеј...слободно време за индивидуален разглед за индивидуален разглед на градот. Во раните попладневни часови – поаѓање за трговскиот центар ТЕГ (можност за шопинг и освежување пред поаѓањето за Македонија). Поаѓање за Македонија во 18.00 часот. Пристигнување во Битола во касните вечерни часови.

 

ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ :    89 € (5.520.00 денари)


ЦЕНАТА на АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :  

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 НП во хотел VIVAS 4* (www.vivashotel.com) во Драч
  • Пратител на група, организација, водство и реализација на аранжманот

ЦЕНАТА на АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : 

  • Влезниците при посета на културно-историските споменици,
  • Патничкото осигурување
  • Трансфер од Скопје, Велес, Кавадарци, Кичево – 10 € по лице

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребно PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.

За овој аранжман, влезот во Албанија е дозволен (покрај валидниот пасош) со лична карта.

ВАЖНО: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.

Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.

Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши/лични карти. За влез во Албанија, пасошот/личната карта треба да е минимум до 3 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Албанија. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност.

Агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.

 

Краен рок за пријавување : 05.10.2020

 

Хотел ВИВАС **** 

На првата линија со морето, хотелот VIVAS се наоѓа на 5 минути од пристаништето Драч, 30 минути од аеродромот „Мајка Тереза“ и 40 минути од главниот град Тирана. Хотелот е објект висок пет ката, со 78 вкусно наместени соби, базен, теретана, приватна плажа, конференциска сала, сопствен - бесплатен WI-FI, бар на плажа, ресторан, детско игралиште, итн., опремен е со систем за надзор. Во ресторанот на хотелот можете да најдете сè, почнувајќи од национална кујна до меѓународна, по сосем прифатливи цени. Изборот ќе биде тежок помеѓу свежа риба, месо и домашни производи. Барот со поглед на морето е добар избор да го поминете слободното време, каде можете да уживате во Италијанско кафе, различни освежителни безалкохолни и алкохолни пијалоци, коктели и сл. За сите оние кои сакаат пица, ресторанот стои на располагање од 12.00 – 23.00 часот.