Elena House-10 ноќи/сопствен превоз (53)

Се наоѓа на сама плажа во новиот дел на Сарти. Поседува двокреветни и трокреветни студија со директен поглед на море, додека помал број на студијата нема поглед на море и се одделени со цената, петкреветните и шесткреветните дуплекс апартмани со директен поглед на море, како и реновирани четворокреветни студија, кои се наоѓаат во ниско приземје и се свртени кон морето. Секој апартман е со кујна, купатило, TV и клима која се доплаќа, Wi Fi. За време на престојот гостите сами се грижат за хигиената на апартманите, а постелнината се менува еднаш за време на престојот.

 
 

 
 УСЛОВИ

плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч

По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може

за хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови…)

промени на веќе потврдена резервација во ист објект и ист термин се наплаќаат 15 еур

промена на датумот на патување и/или промена на куќата се пресметува како отказ од патување

ТРОШОЦИ ЗА ОТКАЗ ОД ПАТУВАЊЕ

 40 ЕУР фиксен манипулативен трошок ако патувањето се откаже над 150 дена пред почетокот на патување,

10% ако патувањето се откаже од 150 до 45 дена пред почетокот на патување,

15 % ако патувањето се откаже од 44 до 30 дена пред почетокот на патување,

30 % ако патувањето се откаже од 29 до 20 дена пред почетокот на патување,

40 % ако патувањето се откаже од 19 до 15 дена пред почетокот на патување,

80 % ако патувањето се откаже од 14 до 10 дена пред почетокот на патување,

90 % ако патувањето се откаже од 9 до 6 дена пред почетокот на патување,

100 % ако патувањето се откаже од 5 до 0 дена пред почетокот на патување или во текот на патувањето

ЗА ВАЛИДНА РЕЗЕРВАЦИЈА БЕЗ ПОПУСТ Е ПОТРЕБНА УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА, ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ПО КУРС 1 ЕУР=62 ДЕН. ОСТАНАТИОТ ДЕЛ СЕ ДОПЛАЌА НАЈДОЦНА МЕСЕЦ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.