КАВАЛА | 2НП 109€ (65)

Во Северна Грција каде Западот се среќава со Истокот, во домот на кралот на Македонија Филип Втори - таткото на Александар Велики, во „Синиот град“ или како што многумина го нарекуваат „Малиот Монте Карло“, во градот на фасцинантните убавини ќе отпатувате во друга, шармантна ера! Градот Кавала е еден од најубавите грчки градови. Ако го посетите еднаш, засекогаш ќе се заљубите во него!

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 евра

РЕДОВНА ЦЕНА: 129 ЕВРА



Програма
Ден 1: 08.03.2024 (петок)
    Состанок на групата на Дрводекор во 04:30ч од Скопје и поаѓање во 05:00 часот. Патување преку граничен премин Богородица преку Велес, Неготино и Гевгелија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала во пладневните часови и сместување во хотел. Влезот во соби е после 14:00ч. Разглед на градот и посета на тврдината, Имаретот изграден во 1817 г – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али – основачот на Египетската династија, како и симболот на Кавала – Аквадуктот. Слободно време за индивидуални активности. Факултативна 8 Мартовска вечера во една од локалните таверни. Ноќевање.
Ден 2: 09.03.2024 (сабота)
    По појадокот се упатуваме на факултативна посета на археолошкиот локалитет “Филипи” каде групата ќе има можност да ги посети: Амфитеатарот, Форумот, Археолошкиот музеј, Базилики на рано христијанските цркви како и црквата посветена на Лидија – првата крстена христијанка од Апостол Павле. Токму на ова место се првите почетоци на христијанството во Европа. Во договорено време враќање назад во Кавала. Ноќевање.
Ден 3: 10.03.2024 (недела)
    Појадок, по појадокот слободно време за индивидуални активности. Во договореното време тргнување назад за Македонија.

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок во Hotel 3*во Кавала
- Организација на патувањето и пратител

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-      Целодневна факултативна посета на археолошкиот локалитет Филипи - 20 евра

-      Организирана 8мо Мартовска вечера во таверна со жива грчка музика – (цена дополнително)

-      Патничко осигурување

-      Туристичка такса 2,5 евра по лице од ноќевање

НАПОМЕНИ:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

-          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето

-           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-          За овој аранжман важат општите услови на патување на Агенцијата