• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Србија – манастир ТУМАНЕ еднодневна(6)

Поклоничко патување во Србија – манастирот ТУМАНЕ

Посета на градот Пожаревац и на Соборниот храм Св. Архангел Михаил и Гаврил 

 

ПРОГРАМА:

1 ден (сабота – 20.02.2021)

Состанок на групата пред спортската сала во Битола во 21:00 часот и поаѓање. Транзит низ Прилеп, Велес и Скопје за земање на патниците од овие градови.

Влез во Србија на граничниот премин Табановце – Прешево во полноќните часови.

 

2 ден (недела – 21.02.2021)

Ноќно возење, релација Врање, Ниш, Јагодина, Пожаревац, со попатни паузи пристигнување во манастирот во утринските часови. Манастирот е посветен на Светиот Архангел Гаврил, расположен во Голубачка Долина, на истоимениот поток.

Присуствување на Света Литургија. Поклонување на моштите на големите подвижници Светите Зосим и Јаков Тумански, на чии мошти секојдневно се случуваат чудеса и исцеленија, а поради тоа манастирот Тумане е наречен Ѓердапски Острог.

Пладневна пауза во градот Пожаревац и посета на Соборниот Храм Св. Архангел Михаил и Гаврил, седиште на Браничевската Епархија. Пауза за ручек.

Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Со попатни паузи и гранични формалности, пристигнување во Битола во полноќните часој.

 

ЦЕНА НА ПАТУВАЊЕТО: 2.180 денари

 

Во цената е вклучено и патничко осигурување.

Напомена: Може да се патува со пасош или со лична карта.