• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Белград (34)

БЕЛГРАД

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.

Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1.Ден 18 Јуни 2021. / Скопје – Србија – Белград:

Состанок на групата во 02:30 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 03:00. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во претпладневните часови, сместување во хотел.. Следува разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт)..По разгледот е предвидено факултативно крстарење по реките Сава и Дунав и запознавање на градот од поинаков агол. Во вечерните часови (доколку епидемиолошката состојба во тој момент дозволи реализација) е предвидено факултативна посета на некоја од Белградските кафани каде ќе го запознаеме надалеку познатиот Белградски ноќен живот. Ноќевање.

2.Ден 19 Јуни 2021. / Белград - Нови Сад:

Појадок.  Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро варадинската тврдина…Слободно време. Во попладневните часови враќање во Белград. Во вечерните часови е предвидена факултативна посета на популарните Белградски сплавови. Ноќевање

3.Ден 20 Јуни 2021. / Белград – Македонија – Скопје

Појадок. Напуштање на Хотел. Се упатуваме во новоотворениот трговски центар Галерија, кој се наоѓа на новата атракција во градот позната како Београд на води. Слободно време. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА

СМЕСТУВАЊЕ

ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ

ЦЕНА

ХОТЕЛ NOBEL 4*

1/3 СО ПОЈАДОК

79 €

1/2 СО ПОЈАДОК

89 €

ХОТЕЛ REX 3*

1/3 СО ПОЈАДОК

75 €

1/2 СО ПОЈАДОК

85 €

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ

Хотелот Nobel 4* се наоѓа на одлична локација, во централното градско подрачје, на само 2 km од Кнез Михаилова, во близина на меѓуградската автобуска станица. Поседува двокреветни и трокреветни соби. Собите се удобни и во модерен дизајн. Секоја соба има сопствен тоалет,wi-fi, TV.телефон,фен,мини бар. Во склоп на хотелот има сала за појадок/вечера и бар. Хотелот претставува објект од архитектонска вредност, заштитен од страна на Заводот за заштита на споменици на градот Белград.

Hotel Rex 3* наоѓа на Савски венец, во кварт каде се лоцирани голем број на амбасади и државни установи. Се наоѓа на само 1,5 км од Кнез Михајлова и самиот центар на Белград. Сите соби се климатизирани, имаат сопствено купатило. Хотелот располага со бесплатен паркинг. 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Две ноќевања со појадок во Хотел 4* или Хотел 3* во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Разглед на Белград
  • Посета на шопинг центарот Галерија
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
  • Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

 

Нови Сад

Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина…

ЦЕНА: 25 ЕВРА

Крстарење по Сава и Дунав

Запознајте го Белград на поинаков начин. Разглед на Белград од реките Сава и Дунав:  Вливот на Сава во Дунав, Големиот воен остров, Калемегданскиот парк и београдската тврдина, Кулата Небојша. Дорчол, Соборната црква, Београдските мостови на Сава.

ЦЕНА: 20 ЕВРА