Vasilis House-10 ноќи/сопствен превоз (53)

Vasilis се наоѓа на околу 25 m од плажата во мирниот дел на Полихроно кон Ханиоти. Куќата поседува уреден двор (не е предвиден за детска игра) бидејќи во непосредна близина е игралиште за деца. Во непосредна близина е и голем паркинг кој е слободен за користење. Двокреветните и трокреветните полуапартмани се сместени во ниско приземје, прв и втор кат. Сите имаат кујна: фрижидер, решо, садови и прибор сразмерно бројот на леглата, која е во одделна просторија без врата, купатило со туш када, спална соба со TV и балкон. Сите балкони гледаат кон дворот. Менување на постелнината е еднаш во текот на престојот, клима е вклучена во цената, како и Wi Fi.

 
 

 
 

Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч

По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може

За хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови…)

Промени на веќе потврдена резервација во ист објект и ист термин се наплаќаат 15 еур

Промена на датумот на патување и/или промена на куќата се пресметува како отказ од патување

 

ТРОШОЦИ ЗА ОТКАЗ ОД ПАТУВАЊЕ

10% ако патувањето се откаже од 150 до 45 дена пред почетокот на патување,

15 % ако патувањето се откаже од 44 до 30 дена пред почетокот на патување,

30 % ако патувањето се откаже од 29 до 20 дена пред почетокот на патување,

40 % ако патувањето се откаже од 19 до 15 дена пред почетокот на патување,

80 % ако патувањето се откаже од 14 до 10 дена пред почетокот на патување,

90 % ако патувањето се откаже од 9 до 6 дена пред почетокот на патување,

100 % ако патувањето се откаже од 5 до 0 дена пред почетокот на патување или во текот на патувањето

.

ЗА ВАЛИДНА РЕЗЕРВАЦИЈА БЕЗ ПОПУСТ Е ПОТРЕБНА УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА, ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ПО КУРС 1 ЕУР=62 ДЕН. ОСТАНАТИОТ ДЕЛ СЕ ДОПЛАЌА НАЈДОЦНА МЕСЕЦ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.