VILLA SELAK (1)

Vila Selak е лоцирана во резиденцијалниот дел на Макарска, на околу 300 метри од прекрасната плажа обиколена од борова шума. Сместувањето е во соби и студија. Собите располагаат со сопствен тоалет и кревети за две лица, лоцирани се на приземје и делат заедничка тераса и кујна. Студијата се лоцирани на приземје и втори кат, опремени со сопствен тоалет, кревети за две лица и кујна. Студиото на приземје нема балкон. За употреба на клима уред во студио со доплатува во објектот.

 

 

 - Терминитe објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање (термин BUS) или ден на влез во објектите (термин check-in)  
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (9 ноќевања со превоз), при сместување на минимум две лица на соба/студио.    
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност: 1 EUR = 62 MKD


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

- Трето возрасно лице на дополнителен кревет: -15%.
- Дете 2-12 години на дополнителен кревет: -25%.
- Дете 0-2 години: бесплатно
- Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување во соба со две возрасни лица
- Доплата за 9 полупансиони (појадок и вечера) во ресторан 140 EUR (со резервација)
* Услугата полупансион се користи во ресторанот во Хотел Бонака (се наоѓа во близина на хотел Биоковка)
- Употреба на клима уред, се доплатува во објектот (каде што е достапно)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во двокреветни соби (со сопствен тоалет) или студио (со тоалет и кујна) на база 9 ноќевања 
- Употреба на заедничка кујна е вклучена во цена на собите (не важи за собите во Villa Matijasevic)
- Организација и реализација на аранжманот


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Туристичка такса: 9 EUR по лице,   4,5 EUR за лица од 12-18 год. и бесплатно за деца до 12 год.
- Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме - полиса без франшиза)


ЗАБЕЛЕШКИ: 

- За патување со сопствен превоз цената се намалува за 30 EUR по лице
- Само превоз (автобус)  90 €  (за деца 2-12год  45 €) 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници