• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

БЕЛГРАД - НОВИ САД - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ / 2НП (5)

БЕЛГРАД: Сместен на вливот на реката Сава во Дунав, еден од најстарите градови во Европа, боемски град ,град со богата историја и културно историски знаменитости.

НОВИ САД: Сместен на реката Дунав, познат по Петроварадинската тврдина, град кој ја спојува традиционалната и современата модерна архитектура.

С.КАРЛОВЦИ: со прекрасна барокна архитектура од времето на Хабзбуршката монархија.


10.03.2023 Поаѓање во 00.15 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Белград во утринските часови, разгледување на градот со  локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат  Воениот музеј, Споменикот на победникот. Сместување во хотел. Слободно време во центарот на Белград по улица Кнез Михајлова. Ноќевање.

11.03.2023 Појадок. Факултативен целодневен излет до Сремски Карловци кој освен со својата архитектура познат е и по Фрушкогорското вино познато низ целиот свет Бермут – ароматично вино со 17 % алкохол, кое може да се вкуси во некоја од винариите во Карловци. Притоа ќе се посетат: црквата св. Никола, Патријаршијата – летна резиденција на српскиот патријарх, нај – старата Српска гимназија, фонтаната “Четири лава”… Потоа се продолжува до градот Нови Сад – разгледување со  локален водич: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание… Враќање во Белград. Вечерта факултативна вечера со музика во ресторан. Ноќевање.

12.03.2023 Појадок. После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав, при што уште еднаш ќе се ужива во убавините на Белград. Потоа слободно време кај новиот комплекс “Београд на вода” каде можи да се посети и  трговскиот шопинг центар Галерија. Попладнето поаѓање за Македонија. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.        

 

ЦЕНА:  6400ден. промо цена за резервации до 10.02.2023, редовна цена 6900 ден

 

Во цената се вклучени следните услуги:

  • автобуски превоз на дадената релација според протоколот за превоз
  • сместување во хотел со 3* – 2 ноќевања со појадок
  • разгледување на Белград со локален водич
  • лиценциран придружник на аранжманот


Во цената не се вклучени следните услуги:

  • здравствено патничко осигурување – 200 ден. за лица до 65 год, 300 ден. за лица над 65 год.
  • целодневен излет до Нови Сад и С. Карловци  – 20 евра
  • свечена вечера со музика во ресторан – 25 евра
  • крстарење со сплав по реките Сава и Дунав – 10 евра
  • влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици

 

Напомена: Рок на пријавување до 24.02.2023 година.