• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

БУДИМПЕШТА и ВИЕНА - 2НП (5)

БУДИМПЕШТА Убавицата на Дунав, формирана од двата града Будим и Пешта, со впечатлива архитектура и уште повпечатливиот танц на Унгарската “Чарда“ и најромантичното крстарење под мостовите на Дунав… Виена- некогашен главен град на Австро – Унгарската Монархија, посетен од милиони туристи поради многубројните културно историски споменици, дворци (Белведере, Шенбрун), светска музичка престолнина – град во кој живееле композиторите Моцарт, Бетовен…


09.03.23 Поаѓање во 16.30 ч со туристички автобуси, преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

10.03.23 Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Разгледување на Будимпешта со локален водич и тоа: Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарска Тврдина и др. Пешта: Споменикот на Милениумот или Плоштадот на хероите: Градскиот парк, улиците Андраш и Ракочи; Црквата св. Стефан, мостовите на Дунав… Слободно време за кратка прошетка низ центарот на градот по пешачката зона на улицата Ваци. Сместување во хотел.Слободно попладне.Ноќевање.

11.03.23 Појадок. По појадокот факултативен целодневен излет до Виена. Разгледување на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедралата св. Стефан, дворците Белведере и Шенбрун. Слободно време во центарот на Виена. Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативна вечера во национален ресторан Чарда со програма и музика. Ноќевање.

12.03.23 Појадок. Факултативно крстарење со брод по Дунав. Слободно време за  посета на трговски шопинг центар како и прошетка низ центарот на градот по пешачката зона на  улицата Ваци… Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

13.03.23 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 7900 ден. промо цена  за резервации до 10.02.2023, редовна цена 8900ден.

 

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Будимпешта
  • разгледување на Будимпешта со локален водич
  • организација и придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • задолжително патничко здравствено осигурување без франшиза – 150 денари
  • крстарење со брод по Дунав – 20 евра
  • целодневен излет до Виена и разгледување со локален водич – 30 евра
  • вечера во национален ресторан “Чарда” – 30 евра
  • влезници за културно историските споменици

 

За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.