АВИОНСКИ ПРОГРАМИ
БАРСЕЛОНА 25.12-28.12.2025 - 439€ (2)
БАРСЕЛОНА - главниот град на Каталонија и едно од најпопуларните туристички места во Шпанија. Сместена на брегот на Средоземното Море, Барселона се гордее со богата историја, прекрасна архитектура и културен живот кој трае преку целата година.
Клучните точки кои ја прават Барселона посебна се следниве: La Sagrada Familia – најпознатиот симбол на градот, дизајниран од славниот архитект Антонио Гауди. Park Güell, со својата уникатна архитектура и колоритни мозаици, е уште едно дело на Гауди, парк кој е сместен на височинка над Барселона од каде се пружа панорамски поглед на градот и морето.
Познатата улица La Rambla и Готскиот кварт се историското срце на градот. Не смее да се заборави ни Музејот на Пикасо. Посета на Camp Nou го препорачуваме за љубителите на фудбалот. Барселона е град кој го спојува модерното со традиционалното, град кој нуди забава, уживање на плажа, а шопингот и ноќниот живот се оние две алки кои ја прават Барселона незаборавна.
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје.
Директен лет до Барселона со авиокомпанијата WIZZ AIR во 18:50ч.
Пристигнување во 21:40ч. Организиран превоз со автобус до хотелот. Сместување. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Прошетка по булеварот Passeig de Gracia,каде што се наоѓаат најдобрите брендови во градот како и многубројни вили со автентична архитектура како што се Casa Mila, Majestic hotel, Casa Batllo, Casa Amatller, Casa Lleo Morera и градскиот плоштад Plaça Catalunya,на кој е лоцирана статуата Francesc Macia. Прошетката продолжува по готскиот кварт на Барселона каде што се наоѓа палатата на каталонската музика преубаво дело на архитектот Llouis Domenech i Montaner. Разгледот завршува на плоштадот Placita de la Seu, кај катедралата на Света Еулалија. Враќање во хотел. Ноќевање .
3 ден
Појадок. Посета на паркот Guell, проектиран од архитектот Гауди, и на црквата Sagrada Familia, која е симбол на градот. Потоа следува
разглед на кулата Агбар и паркот De La Ciutadella, во кој се наоѓаат дворецот Три Змеја, споменикот Каскада и Триумфалната капија.
Попладне, посета на плоштадот España и ридот Монжуик, каде се наоѓаат Олимпискиот стадион, Олимпискиот плоштад и Националниот музеј на уметност во Каталонија. Разгледот продолжува до пристаништето каде може да ја видите статуата на Кристофер Колумбо (Mirador de Colom), како и туристичката улица Ла Рамбла, со дела од познатите архитекти Антонио Гауди и Палау Гуел, и прекрасниот Кралски плоштад „Plaza Reial“. Следно се посетува марината Олимпик со двете највисоки кули Hotel Arts и Mapfre, а потоа следи посета на фудбалскиот стадион Камп Ноу и на музејот на стадионот. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Факултативна посета на Монтсерат, каде што се наоѓа Манастирот Монтсерат. Трансфер до аеродром. Директен лет Барелона – Скопје. Поаѓање од Барселона во дополнително договорено време со авиокомпанијата WIZZ AIR во 22:15ч. Пристигнување во Скопје во 01:00ч.
25.12-28.12.2025 - 439€ (2)
- Авио билет на релација Скопје-Барселона-Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел HTop Olympic 3* или сличен во двокреветни или трокреветени соби, на база 3 ноќевања со појадок (трето легло во собите е помошно (дополнително), цената е иста како за стандардно легло). Цена и расположливост за еднокреветна соба е на барање.
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
- Претставник на македонски јазик
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Барселона
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Факултативни излети
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Се препорачува на водичот да му се даде напојница не помалку од 1 еур на ден од возрасно лице
- Автобуски превоз до Монтсерат - 15 еур.
- Карта за влез во Манастирот во Монтсерат - 21 еур.
- Карта за влез во Паркот Гуел - 11 еур.
- Влезница за стадионот Камп Ноу е на барање и цената зависи од денот на кој би сакале да го посетите стадионот. Картите за стадионот се купуваат секогаш на шалтерот со асистенција од водич. *НАПОМЕНА: СТАДИОНОТ Е ПОД РЕКОНСТРУКЦИЈА
