• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Кападокија со Анкара 3ПП +1НПП (23)

Задолжителен сертификат за вакцинација, ПЦР  или Антиген тест за влез во Турција. Патуваме безбедно и по протокол.  Агенцијата организира  тестирање во лиценцирана лабораторија  по најниски цени за група патници.


Термин 07 Октомври

01 Ден 07.10.2021 Ден:    СКОПЈЕ –АНКАРА:

Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 09:30 часот. Поаѓање во 10:00 часот. Се патува преку гр.премин Деве Баир, Бугарија (Софија,Пловдив),  Истанбул,  Анкара, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

02 Ден: 08.10.2021  АНКАРА - СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU)  - ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА:

Во утринските часови пристигнуваме во Анкара. Предлагаме панорамско разгледување на Анкара со локален водич: центарот Кизил Ај, зградата на стариот Парламент каде Ататурк прогласил конечно ослободување од султанството и почетоци на Независна Република Турција, новата грандиозна резиденција на Претседателот на Турција (Реџеп Таип Ердоган).  Посета на Мавзолејот на Ататурк

- Анит Кабир.Посета на голем шопинг молво Анкара.

 Патувањето продолжува кон Кападокија со пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период  достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро... 

По одморот продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија. Пристигнување во попладневните часови.

Сместување во одбран хотел и краток одмор.

Пред вечера, ве водиме на разглед на Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe(влезница 3 ТЛ), првите „самовилини оџаци„, улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме.

Вечера.   Ноќевање.

 

03 Ден:  09.10.2021  ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА :   ЛЕТ СО БАЛОН – МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА - “ATV SUNSET TOUR”  – ТУРСКА ВЕЧЕР

                                       Денот е предвиден за 4 возбудливи доживувања:

 ЛЕТ СО БАЛОН: од платото нахотел ТУРИСТ 4*! Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа магична авантура  никогаш нема да ја заборавите... уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако... магичното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига на 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот.Враќање во хотел.

Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните.

*Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла)

 Појадок.  Слободно предпладне или препорачуваме полудневна тура:

 МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија. Почнуваме со посета на Долината на „Трите Убавици„ каде ќе ја слушнеме тажна легенда за нив. Потоа одиме кон Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од стари Грчки и Римски куќи,  траги од Селџуците. Посета на Мустафапаша, некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живеат Македонци. На крај посета на   фамилијарна работилница и продавница за слатки. Враќање во хотел.

 Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме и ручек во некој од локални ресторани.

 

 МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :

- “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци„, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура.  (Дозвола не е потребна)        или....

- “BUS SUNSET TOUR”:  Посета на Долина на Љубовта долина каде што тајно се среќавале вљубените парови. Место каде што Вашите желби се исполнуваат. Потоа поминуваме покрај старото место Невшехир и го гледаме најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.

Враќање во хотел.  Вечера.

ТУРСКА ВЕЧЕР:Во вечерните часови  ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокијакако од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

04 Ден:  10.10.2021 ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА – “КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА” -

 Појадок. ....                       Денот е предвиден за 2 возбудливи доживувања:

 

КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА:  Почнуваме со панорамски поглед на замокот Учхисар,највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме...

Потоа Ве водиме во подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км.... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендиз,  со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река... По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години.  За крај ве водиме на панорамски поглед на кратерското езеро “Nargolu”. Враќање во хотел. Вечера.

 

ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите пропратен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите. Враќање во хотел.  Ноќевање.

 

05Ден: 11.09.2021   ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:  “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”- АНКАРА

Појадок. Го оставаме багажот во автобус и Ве водиме во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКОод 1984 год. Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде  посетуваме работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Ручек во локален ресторан. Следат посети и разгледувања на најубавите долини:

Дервент - долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни самовилини оџаци.

Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

Пашаба - или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најсликано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.

Долината на гулабите – Поглед на долина  која е големо живеалиште на гулабите.

Полни со впечатоци, во попладневните часови поаѓаме кон Анкара. Пристигнување во Анкара во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

06 Ден: 12.10.2021 АНКАРА - СКОПЈЕ:

Појадок. Рано наутро поаѓање кон Скопје покрај Истанбул, Едрене, гр. Премин Капикуле, Софија со попатни паузи за одмор.

Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА  НА  АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел во Кападокија :

 

СТАНДАРДНИ ХОТЕЛИ СО 4* ВО Кападокија

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 10.09.2021: 179 € / 11 100 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 € / 12.340 ден       


CAVE / STONE – ПЕШТЕРСКИ ХОТЕЛИ во ЃОРЕМЕ 

Појадок со поглед на балоните кои летаат над Вас !

“OSMANBAY” CAVE HOTEL,  “ZARA” CAVE HOTEL – Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење...

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО  10.09.2021 : 199€ / 12.340 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   209€ / 12.960 ден

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • 3 Полупансиони (шведска маса) во хотел 4*во срцето на Кападокија.

      или

  • 3 Полупансиони  во  CAVE / STONE хотели во Гореме, во срцето на Кападокија.

Појадок шведска маса,вечера на база послужување во локален ресторан во Гореме.  и

  • 1 ноќевање со појадок, (шведска маса) во центарот на Анкара во хотел  со 5*
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,
  • Организација на патувањето,
  • Лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување
  • “Голема Тура Кападокија”, вклучен ручек ивлезници,превоз, локален водич: (45€),
  • “Срцето на Кападокија”, вклучен ручек ивлезници, превоз, локален водич: (45€),
  •  “Црвена Долина” со залез на сонцето, превоз, локален водич: (10€),
  •  “Мистична Кападокија”, со посета на  Ургуп и Мустафапаша, превоз, локален водич : (10€),
  •  “ ATV SUNSET TOUR” , трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (25€) – цената е за АТВ, за 2 лица !
  • Турска вечер со шоу програма, мезе и пијалок, превоз, локален водич: (30€),
  • Танц на дервишите : церемонија , превоз, локален водич: (25€),
  • Лет со балон  - (од 140 €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација.*Цената може да претрпи промени.
  • Разглед на Анкара со локален водич (10€)
  • Туристичка такса 2 €  по лице на ден. ( се плаќа во агенција )
  • Доплата за еднокреветна соба :  Хотел 4* 4400 ден, Cave: 4700 ден 

*Можност за плаќање на 6 рати без камата 

 

 * За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* Седењето во автобус е според датумот на уплатата.

* Важат општите услови на Т.А.Меридијан

 

КАПАДОКИЈА  -престолнина на древните Хетити

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел на Византија, се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

ЃоремеСрцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, е почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, Турска сауна, масажа со лековита кал... Градче опколено со автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год....со еден збор, наша најтопла препорака за сместување во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тукасе работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето воопшто не потсетува на амбиентот на Кападокија.

Оддалечен 10 км од Гореме.

Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточено градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на “Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има  мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со мал амбиент на Кападокија.

Учхисар (Uchisar)- “Три тврдини: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

 

Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански стени во кои имало некогаш живот.Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Градот не е посебно туристички интересен а се користи за сместување на туристи кои доаѓаат во Кападокија, поради малиот број на сместувачки капацитети во околина а и пониската цена.

Оддалечен 15 км од Ѓореме.