ВЕЛИКА

                                  

 

Велика Грција е мала туристичка населба која се наоѓа јужно од Олимписката регија во регионот на Лариса (Тесалија) на околу 150 км јужно од Солун. Плажата во овој регион е долга 11 км и се протега низ три туристички населби, Велика, Сотирица и Агиокампос. Покрај шеталиштето во Велика и Агиокампос достапни се бројни продавници, ресторани, кафе барови и неколку клубови. Секое лето илјадници туристи доаѓаат на плажата во Велика, да уживаат во прекрасното, чисто море и свежа морска храна во таверните и ноќниот живот во баровите на плажата. На плажата  во Велика се  организираат натпревари во одбојка на плажа. Во потокот Платанија во близина на  Велика можете да најдете примероци од византискиот сјај на замокот, кој се откриени со  археолошките ископувања. На истиот пат можете да го посетите манастирот Св. Јован Богослов, кој е извонреден примерок на византискиот стил. Исто така пешачењето по патека Меливија-Велика, е уникатно искуство.  Во Велика постои и медицински центар, аптека и банкомат. Мали туристички места без масовен туризам.